Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега на кожата во зимскиот период

јануари 1, 2020

Дипл.фармацевт Димитрова Јорданка
Аптека Фитомед-Кочани

|



Зимата има посебен шарм и убавина. Прославите и празниците ке бидат уште поблескави кога ќе ги дополниме со нашиот убав изглед.Тоа значи сјајна, одморена кожа и добро расположение.

Но, за да остане кожата убава и сјајна во зима, потребна е посебна нега. Во спротивно, доаѓа до оштетувања на слоевите на кожата. Во зима студениот воздух, кој е доста сув, ја одзема влажноста (содржина на вода) од кожата, што доведува до појава на црвенило, пецкање и чешање, односно сува, неретко и дехидрирана кожа. При посериозни состојби можна е и појава на егзема. Затоа, негата на кожата на лице и тело во зима е важна,особено при престој на снег и повисоки места.

Кога станува збор за кожата на лицето, за сите типови на кожа е потребна секојдневна рутина во неколку чекори:

-Миење со млака вода и благи средства, наутро и навечер пред спиење. Колку и да е примамлива, жешката вода во зима треба да се избегнува, бидејќи доведува до брзо сушење на кожата.

-Хидратација или навлажнување на кожата во тек на денот. Хидро-липидната бариера на кожата е важна за одржување на еластичноста и влажноста на кожата и заштита од надворешни влијанија (студ,аерозагадување, УВ - зраци). Производите за дневна нега: лосиони, креми, серуми, содржат богати навлажнувачи како хијалуронска киселина,хидрирачки серуми,глицерин и др. За секој тип на кожа е потребен соодветен производ, пр. за сува кожа тие содржат и маслена компонента.

За сончевите периоди во зима е препорачливо производ со заштитен фактор(УВ-филтри), како и носење очила за сонце. Не забораваме на кожата на рацете(ракавици,богат глицерински крем) и усните

-богат ноќен навлажнувач или серум, за одржување на еластичноста и хидрираноста на кожата

Во текот на зимата се избегнуваат адстрингентни лосиони и производи со алкохол, кои дополнително ја сушат кожата. Ексфолијација - отстранување на мртвите клетки од површината на кожата, во зима се врши со поблаги средства. Балансираната исхрана и топлата облека, спортување и вежбање исто така помагаат во одржување на здрава и убава кожа во зима.Среќна и успешна 2020!

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>