Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега на коса

март 1, 2021

Тања Митрова
фармацевтски техничар
АПТЕКА ФАРМАКА СТРУМИЦА

|



Кои прехранбени производи придонесуваат за зачувување и подобрување на здравјето и убавината на косата?

За нега на косата најважни се витамините:

Од не помала важност се цинкот, железото и калциумот.

Природните масла, исто така, се многу важни за убавината и здравјето на косата. Најчесто користени се маслото од рузмарин, лаванда, кедар и многу други.

Доколку имате сува коса важно е да  внесувате производи кои содржат сулфур и бакар, како што се: лигњи, краставица, лук, кромид, зелка, тиквички.

Еве неколку идеи за маски за коса кои можете сами да  ги направите во домашни услови:

Доволно е еднаш неделно да се става маска за коса која можете и сами да ја направите. Потребно е да користите билни масла како чичково, рицинусово или маслиново во комбинација со мед и јајце.

Маска со јајце


Јајцата се богати со многу хранливи супстанции, витамини Д, А и Б, железо и протеини. Всушност,  протеините во јајцата се едни од најквалитетните протеини кои може да се најдат во храната. Кои хранливи материи од јајцата ќе ви помогнат во нега на косата?

Како да подготвите домашна маска за коса од јајца?

Потребни намирици:

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, во зависност од тоа каква коса имате. За масна коса, користете само белки од јајца, за сува коса само жолчки од јајца или цело јајце за нормална коса. Ставете го делот од јајцето што го користите во еден сад. Промешајте добро и додајте го млекото и маслиновото масло и заедно промешајте. Додајте го и лимоновиот сок. Нанесете ја маската на скалпот на косата, а потоа нанесувајте кон врвовите. Косата замотајте ја во капа за туширање или пластична кеса и оставете  да стои 15 минути. Измијте со млака вода и органски шампон.

Маска со банани


Бананите се најдоброто овошје кое може да го најдете во текот на целата година. Богати со витамини, антиоксиданти и природни масла, бананите се одличен избор за подготовка на домашна маска за коса. Маската од банани ќе ги зајакне влакната на косата и ќе ја зголеми нивната еластичност. Еве кои се моќните нутриенти во бананите кои ќе бидат во функција на вашата коса:

Како да подготвите маска со банана?

Потребни намирници:

Начин на подготовка:

Изблендирајте ги бананите во блендер. Додајте ги медот, кокосовото масло и маслиновото масло и повторно изблендирајте. Нанесете ја маската на влажна коса и оставете да отстои 10 минути. Потоа измијте ја косата  само со млака вода.

Домашна маска со јогурт


Јогуртот е преполн со антиоксиданти, витамини, калциум и протеин. Има негувачко дејство и е особено полезен за масна коса.

Како да ја подготвите?

Потребни намирници:

Начин на подготовка:

Измешајте го јогуртот, јаболковиот оцет и медот во еден сад. Нанесете ја мешавината на скалпот, нежно пренесувајќи ја кон краевите на косата. Оставете да дејствува 15 минути, потоа измијте со млака вода и шампон.

Како останатите намирници кои се користат во овие маски се полезни за вашата коса?

Маслиново масло

Ја хидрира косата, т.е. дејствува како природен навлажнувач. Одлично е за нега на сува и оштетена коса и за расцепкани врвови, давајќи ѝ природен сјај и свежина на косата.

Млеко

Ја омекнува косата.

Лимон

Лимонот дејствува на тој начин што ги затвора порите на скалпот, а со тоа го ослободува од вишокот на маснотии во вашата коса. Но, мора да бидете внимателни – тој може да ја осветли бојата на косата, па осигурајте се дека сокот од лимонот ќе го користите доволно разреден со вода, во сооднос 1:2.

Кокосово масло

Одлично за одржување  мека и здрава коса, давајќи ѝ истовремено сладок мирис. Кокосовото масло дејствува против оштетена коса, особено по нејзиното изложување на сонце или на променливо време.

Мед

Медот е многу  полезен, особено ако имате сува коса или првут. Со своето регенеративно дејство ја негува косата, давајќи ѝ природен сјај.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на маснотии на скалпот и косата и ќе ве ослободи од првутот и чувството на постојано чешање во главата.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8-9 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>