Фармацевти
Контакт

<< Назад

Не дозволувајте шеќерната болест да се искомплицира

мај 2, 2025

Дијабетична полиневропатија е болест на периферните нерви која се јавува како последица на дијабетес. Оваа болест се карактеризира со прогресивно губење на нервните влакна што предизвикува губење на осетот и развој на чир (отворена рана) на стапалото што може да доведе и до ампутација. Точната причина за дијабетична полиневропатија сè уште е непозната, а мислењата на експертите се различни. Она што со сигурност се знае е дека покачениот шеќер во крвта со себе носи нарушување на циркулацијата што доведува до оштетување на малите крвни садови, па затоа исхраната на периферните ткива е отежната.

Над 80% од дијабетичарите имаат компликација на дијабетес во форма на дијабетична полиневропатија. Значајно е што појавата на полиневропатијата не зависи од нивото на шеќер во крвта, подеднакво ги погодува двата пола, а почесто се јавува кај постарите лица. На почетокот, невропатијата често не предизвикува никакви симптоми.
Со напредокот на болеста симптомите почнуваат да се појавуваат и најчесто се манифестираат со чувство на печење, пецкање и грчеви во стапалата, а може да има и болка од горење и вкочанетост на стапалата. Овој тип на болка е типично поизразен ноќе, кога болката се влошува дури и со допир на ќебе. Често доаѓа до промена на текстурата на кожата на стапалата и потколениците, која станува тенка и црвеникава, опаѓање на косата, ноктите лесно се кршат, кожата на стапалата станува сува, тенка и лесно пука, а на неа се формираат рани кои тешко зараснуваат. Поради сето ова, често е отежнато одењето кај пациенти со дијабетична полиневропатија.
Дијабетичната невропатија е вовед во развој на дијабетско стапало и доведува до зголемен ризик од ампутација доколку не се открие навреме и не се лекува навремено со адекватен третман.
За да се спречи појавата на невропатија, па дури и кога веќе постои, потребно е строго да се одржува нормално ниво на шеќер во крвта, да се намали телесната тежина, да се контролира нивото на масти во серумот, неопходно е да се прекине со пушење и прекумерно внесување алкохол, како и правилна исхрана. Покрај овие нефармаколошки мерки, превенцијата и лекувањето на дијабетична невропатија се заснова на примена на R-формата на алфа-липоична киселина, најсилниот природен антиоксиданс. Бидејќи телото не може физиолошки да го создаде во доволна количина, мора да се внесе во телото во форма на капсули и во форма која има најголема биорасположивост.
R-алфа-липоичната киселина е единствената форма на алфа-липоична киселина научно докажана дека значително ја зголемува чувствителноста на инсулин, го подобрува и зајакнува транспортот на гликоза, ја подобрува метаболичката активност и го намалува таложењето на телесните масти поврзани со возраста. Ја заштитува нервната структура од оксидативен стрес и ја подобрува микроциркулацијата. Клиничките студии потврдуваат дека R-обликот на алфа-липоична киселина ја намалува невропатската болка за 30-50% по 12 недели употреба.
Како краен ефект на препаратот се ублажуваат симптомите на дијабетична невропатија (се намалуваат болките и непријатните сензации), се подобрува чувствителноста на стапалата на температура и допир, се подобрува микроциркулацијата со што се подобрува исхраната на нервните клетки и се зголемува подвижноста на екстремитетите.
Покрај тоа што алфа-липоичната киселина делува како исклучително силен антиоксиданс и директно ги неутрализира слободните радикали во нашето тело, таа влијае и на другите антиоксиданси кои се веќе во телото на таков начин што индиректно ја стимулира активноста на коензимот Q10, глутатион, витамините Ц и Е.
Немојте да игнорирате никакви сензации и симптоми што ги чувствувате, особено кога веќе ви е дијагностициран дијабетес. Информирајте го вашиот лекар за сè, и тој ќе ви помогне да го изберете најдобриот терапевтски пристап, со цел да се спречи и забави понатамошното напредување на болеста и појавата на компликации.

Пишува
MPharm Стефче Монавчев
Area Manager INNventa Macedonia

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>