Фармацевти
Контакт

<< Назад

Не фрлајте ги капачињата од пластичните шишиња

август 1, 2020

|



За време на летниот распуст децата избегнуваат да прават работи кои асоцираат на класично училишно учење. Еве неколку начини како можете учењето да го претворите во забава.

На поголемо парче хартија/картон  запишете ги буквите од азбуката. На друга страна издвојте  ги пластичните капачиња од шишињата и на секое капаче напишете по една буква од азбуката. Поклопете ги буквите на картонот со едно капаче со буква. Направете список од зборови, по што вашето дете ќе треба да ги создаде зборовите со помош на капачињата од импровизираната табла со букви. Со оваа игра не само што ќе му помогнете на вашето дете полесно да ги научи буквите, туку можете да го збогатите и неговиот речник со нови зборови.

На истиов начин може да ги напишете броевите од 0 до 9, доколку сакате вашето дете да ги научи бројките. Доколку ги вметнете и интерпункциските знаци, ова ќе биде одличен начин за учење основни математички задачи.

Доколку вашето дете е мало за учење букви и броеви, започнете со учење на боите.

На голема хартиена површина направете кругови и обојте ги во различни бои. На горниот дел од пластичните капачиња залепете самолеплива хартија во боја. Научете го вашето дете да ги препознава боите со тоа што секој пат кога ќе му дадете едно капаче, тоа ќе го смести точно во бојата на која ѝ припаѓа од хартијата.

Пластичните капачиња може да ви служат и како палета. Како? Залепете неколку пластични капачиња на пластична чинија, или, пак, парче картон. На тој начин вашето дете ќе има можност да ги меша темперните бои засебно, со што капачињата ќе овозможат боите да не се прелеваат една во друга.



Од картон на тоалетна, до хеликоптер

Покрај многуте креативни начини со кои  може да создадете интересни играчки за вешто дете, од картонот на тоалетната хартија може да направите и хеликоптер. Сè што ви е потребно се неколку дрвени стапчиња од сладолед и картон од тоалетна хартија.

Со помош на скалпел направете два прецизни отвора на картонот од тоалетната хартија во ширина на стапчињата од сладолед. Вметнете ги стапчињата или, пак, доколку сакате да бидат постабилни, може и да ги залепите. Затворете го предниот дел од картонот со помош на хартија и на него залепете друго стапче од сладолед кое претходно ќе го пресечете на половина.



За задниот дел на хеликоптерот, искористете друг картон од тоалетна хартија кој ќе го поделите на два дела и ќе го залепите во форма на крило. Потоа картонскиот хеликоптер можете да го обоите заедно со вашето дете.

Картонот од тоалетната хартија може да ви послужи и за оформување  разни ликови од цртаните филмови, животни или, пак, замислени куклички. Искомбинирајте го картонот со обоени самолепливи хартии или, пак, обојте го со помош на боички.



За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>