Фармацевти
Контакт

<< Назад

Новогодишни колачиња со ванила и ѓумбир

декември 1, 2020

Бранко Попоски
Блогер за храна

|



Драги пријатели, доаѓаат едни од најубавите моменти во годината, а тоа се новогодишните празници. Помалку од 30 дена нè делат од новогодишната ноќ и уште неколку дена потоа до Божиќ. Сигурно се прашувате и веќе креирате планови за новогодишното украсување, трпезата и сите ситници поврзани со магијата на Новата година. Со овој рецепт кој го подготвивме специјално за вас дополнително ќе ја разубавиме вашата трпеза, а мирисот на ванила и ѓумбир ќе внесе дополнителна хармонија во вашиот дом.

Потребни состојки за подготовка на новогодишните колачиња со ванила и ѓумбир

** За подготовка на 50 новогодишни колачиња

За подготовка на колачињата:

За подготовка на филот за колачињата:



Начин на подготовка:

Брашното, шеќерот, солта, бадемите и путерот ставете ги во сад и изматете ги со електричен миксер на ниска брзина сè додека смесата не почне да наликува на ситни трошки од леб. Потоа, додајте ги жолчките од јајцето, екстрактот од ванила, ренданиот ѓумбир и студената вода додека сè уште ги матите првите состојки. Целата смеса се мати сè додека не се формира тесто. Потоа, поделете го тестото на половина и од него обликувајте форми како на диск. Покријте ги со крпа и ставете ги во фрижидер околу  час и половина.



Додека го подготувувате тестото, загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење на неколку тепсии или садови за печење. Тестото извадете го од фрижидер и дозволете му малку да омекне. Со сукало израмнете ги двете теста сè додека не добиете дебелина од околу 3-4 милиметри. Потоа изберете форма во која сакате да ви бидат колачињата и исечете ги. Остатоците од тестото не ги фрлајте, соберете ги и повторете го процесот сè додека не го искористите целото тесто. Тестото знае да биде многу лепливо, па советуваме да работите побрзо.

Колачињата ги ставате на хартијата за печење во тепсиите или садовите за печење и печете околу 15-20 минути или сè додека  не добијат златна боја. Кога ќе завршите со печење, оставете ги да се изладат на хартија за печење.

Додека се ладат, вие можете да го подготвите филот. Во сад ставете го шеќерот. Потоа ставете белка во друг поголем сад и додајте 1 лажица од шеќерот. Со помош на дрвена лажица или шпатула, мешајте сè додека не добиете мазна смеса. Потоа, продолжувате да го додавате шеќерот лажица по лажица, добро мешајќи по секоја доза. На крај, додајте го и лимоновиот сок. Со добиениот фил, можете да ги декорирате вашите новогодишни колачиња.

Колачињата траат  и до 15 дена затворени во кутија на суво место.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>