Фармацевти
Контакт

<< Назад

Одбележување на Светскиот ден на првата помош

септември 2, 2020

|

Црвен крст на Македонија



Светскиот ден на првата помош се одбележува ширум светот секоја година во втората сабота во месец септември. Овој ден е воведен од страна на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина во 2000 година и оттогаш се прославува секоја година.

На овој ден повеќе од 100 Национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ целиот свет органиизраат настани и активности со цел подигнување на јавната свест за пружање на прва помош и спасување на животи во секојдневни и кризни ситуации, како и промовирање и застапување на заложбите за поседување на знаење и вештини за укажување на првата помош кај пошироката јавност.



Вештините за укажување на прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен чин кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнувањето предизвикани од ненадејни повреди или болест. Од овие причини, Црвениот крст на Република Северна Македонија се залага да барем еден член од секое семејство биде едуциран и обучен да укаже прва помош, затоа Ве охрабруваме да се посети некоја од нашите обуки за прва помош. Првата помош не секогаш е укажана од медицински лица, бидејќи во секојдневните несреќи и вонредни ситуации обичните луѓе често се принудени да укажат прва помош за да спасат нечиј живот. Првата помош понекогаш може да вклучи импровизација, меѓутоа доколку лицето што укажува прва помош не знае што прави може да му наштети, наместо да му помогне на засегнатото лице. Оттука, Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечинаги охрабрува луѓето да се стекнат со основна обука за прва помош или барем да се едуцираат за користење на сите достапни материјали и алатки.



Обезбедувањето на квалитетна и научно базирана прва помош достапна за секого ќе придонесе за градење на сигурни и здрави заедници преку превенција и намалување на ризиците во секојдневните несреќи и катастрофи. Преземањето на навремени активности и применувањето на стандардни и соодветни мерки за укажување на прва помош е значајно при спасувањето на човечките животи.



Поради светската состојба со КОВИД 19 пандемијата, како и зголемената и брзо развивачка улога на Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина во време на кризни состојби, оваа година идејата на темата за Светскиот ден на првата помош е да биде насочена кон пандемијата со цел да се шират пораки за превенција и да се предложат активности и вештини од областа на првата помош кои што можат да се вклопат на било кое место, вклучително и учење од далечина преку користење на нови платформи  за едукација.



Под мотото “Прилагодување на практиките по прва помош согласно пандемијата”  каде што главни целни групи ќе бидат деца и млади, наставници и родители,  на 12 Септември 2020 година ќе се  одбележи Светскиот ден на првата помош. Општинските организации на Црвен крст и Градската организација на Црвен крст  Скопје во соработка со релевантни институции (здравствени установи, итна медицинска помош, сообраќајна полиција, против-пожарни единици, дирекција за заштита и спасување, центар за управување со кризи, полиција, локални самоуправи и др.) по повод Светскиот ден на првата помош организираат повеќе активности во вид на симулациони и показни вежби на кои нашите мобилни тимови и волонтери ќе имаат можност да ги покажат и обноват знаењата од првата помош. Исто така на Светскиот ден на првата помош на повеќе пунктови ќе се дели информативно-издавачки материјали, а во општинските организации на Црвен крст ќе се изведува обука за  врсничка едукација по прва помош за запознавање и пренесување на знаења и вештини по прва помош.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>