|
VEMA Pharma
Состојбите на оксидативниот стрес се одговорни за бројни патолошки промени во човековиот организам кои доведуваат до хронични болести како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести, невродегенеративни болести, бројни неоплазми, автоимуни заболувања. Исто така, оксидативниот стрес лежи во основата на патофизиолошкиот механизам на настанување на клиничките симптоми во текот на вирусни и други инфекции. Дисбаланс на рамнотежата помеѓу антиоксидансите и оксидансите во корист на оксидансите се дефинира како оксидативен стрес. Слободни радикали ( оксиданси) се молекули кои поседуваат еден или повеќе неспарени електрони и со самото тоа поседуваат силна склоност да земаат или даваат електрони на другите молекули. На тој начин можат да доведат до промени на структурата на молекулата и нејзино пропаѓање, односно оштетување на клетките и ткивата во човековиот организам. Постојат многу типови на слободни радикали, но од најголемо значење во биолошкиот систем се оние кои се добиени од кислород, познати како група – реактивни видови на кислород ( РОС).
Антиоксидансите се молекули кои можат да донираат електрон на слободниот радикал без самите да станат нестабилни. Тоа предизвикува слободните радикали да станат постабилни и со самото тоа помалку реактивни. Овој концепт е во основа на превентивно и тераписко дејство на антиоксидансите во секојдневната клиничка пракса. Примена на диететски суплементи кои во себе содржат супстанци со антиоксидативен ефект е дел од современите тераписки процедури како кај хроничните, така и кај акутните заболувања, какви се и вирусните инфекции. Нивната адекватна превентивна примена може да биде уште позначајна.
Супероксид дисмутаза е прва линија за одбрана против оштетувања предизвикани од кислород создадени слободни радикали. Алфа- липоичната киселина е моќен антиоксиданс која ги неутрализира мултиплите функции на различните слободни радикали со докажано дејство како што се невропротективно, антиинфламаторно, вазодилататорно и хипогликемично. Истовременото присуство на алфа-липоична киселина и супероксид дисмутаза во диететските суплементи овозможува двоструко дејство во антиоксидативниот механизам. Супероксид дисмутаза спречува создавање на слободни радикали, додека пак алфа-липоичната киселина ги неутрализира слободните радикали настанати во состојба на оксидативен стрес.
Како посебна група со антиоксидативни својства треба да се издвојат селенопротеини за кои се врзани биолошките ефекти на селенот. Селен е есенцијален микронутритиент со значајни ефекти на човековото здравје. Главна функција на селенот е да во составот на глутатион – пероксидаза го штити телото од оксидативен стрес и игра важна улога во регулација на производството на активниот селенопротеини има посредна улога во санирањето на оксидативниот стрес во другите органи и органски системи. Органската форма на селен во облик на Л-селенметионин во доза од 200 мцг има значително поголема биорасположивост во споредба со неорганските форми на селен.
CombiNERV
- Алфа-липоична киселина во доза од 570 мг
- Супероксид дисмутаза во доза од 10 мг
(подршка на терапијата на дијабетична полиневропатија и
сите останати состојби предизвикани од оксидативен стрес,
вклучувајќи ги и вирусните инфекции)
За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).