Фармацевти
Контакт

<< Назад

Орално здравје во детска возраст

ноември 1, 2023



Пишува: Д-р Бојана Поп-Јанева

Оралното здравје е составен дел од целокупното здравје на децата, односно клучен показател за благосостојба и квалитет на живот.

Вклучува способност за зборување, насмевнување, вкус, допир, џвакање, голтање и пренесување на низа емоции преку изрази на лицето со самодоверба и без болка, непријатност и болест на краниофацијалниот скелет.

Бидејќи најмалите деца почесто го посетуваат педијатарот отклоку што го посетуваат стоматологот, важно е педијатрите да бидат запознаени со процесот на создавање на дентален кариес, превенција од болести, интервенции за одржување и обновување на здравјето и социјалните детерминанти на оралното здравје на децата.

Што претставува забниот кариес?

Забниот кариес е чест и хроничен процес со значителни краткорочни и долгорочни последици.

Преваленцата на забен кариес останува поголема од 40% кај децата на возраст од 2 до 19 години. На површината за забот се одвива динамичен процес кој вклучува постојана деминерализација и реминерализација на забната глеѓ (рамнотежа на кариес). Повеќе фактори влијаат на овој динамичен процес, вклучувајќи бактерии, плунка, шеќер и флуор. Бидејќи овие фактори може да се контролираат, педијатрите, секако и семејствата можат да го спречат, запрат, дури и да го вратат процесот на болеста. Клучен фактор од животната средина кој овозможува пролиферација на патогени бактерии е внесот на шеќер во исхраната.

Бидејќи овие бактерии имаат способност да ферментираат шеќери, да произведуваат киселини и да ја намалат pH вредноста на забниот плак, тие овозможуваат извор на други кисели, ацидогени бактерии кои ќе придонесат за болеста. Како што повеќе бактерии произведуваат повеќе киселина, pH вредноста на површи- ната на забот се намалува. Овој процес предизвикува деминерализација на забната глеѓ. Непречено, овие долги периоди на ниска pH вредност и деминерализација ќе резултираат со појава на кавитет. Плунката е важен фактор за пуферирање на ниската pH вредност и враќање на упорната деминерализација во рамнотежа со реминерализацијата.

Флуорот има 3 клучни ефекти врз рамнотежата на кариесот:

1. Инхибиција на деминерали- зацијата на површината на забот
2. Подобрување на реминера- лизацијата, што резултира со зголемување на отпорноста на површината на забот кон киселини
3. Инхибиција на бактериски ензими. Примарниот ефект на флуорот е локален, преку флуорирани пасти за заби, средства за плакнење на уста, гелови и сл.

Што можат да направат родителите?
• За бебиња
Кога ќе никнат забите, почнете да четкате два пати на ден со мека четка за заби со мали, меки влакна и обична вода.
Посетете го стоматологот до првиот роденден на вашето бебе за рано детектирање на евентуалните аномалии.
• За деца
Мијте ги забите два пати на ден со паста за заби со флуор.
Помогнете му вашето дете да ги мие забите додека не се здобие со добри вештини за четкање. Ако вашето дете е помладо од 6 години, гледајте како се четка.

Погрижете се да користат количина на паста за заби со големина на грашок и секогаш да ја плукаат наместо да ја голтаат. Храна со “леплив шеќер”, како што се леплива карамела, гуми за џвакање и сушено овошје - особено кога тоа останува во неговата уста со часови - може да предизви- ка сериозна штета. Погрижете се секогаш да ги миете забите на вашето дете после некоја слатка храна. Конзумирање на вода која содржи флуор.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>