Новогодишната креативност е предизвик за сите љубители на декорирањето и уредувањето во домот. Има и такви кои секоја нова година тргнуваат во потрага за необични украси, светилки или елки.
Кој вели дека новогодишната елка треба да биде од дрво? Ако сè уште не ја накитивте вашата елка, повелете неколку оригинални идеи со кои можете да ги изненадите своите најблиски. Ако имате трпение, време и малку креативност, пуштете се во акција!
Доколку не се чувствувате доволно креативни за ваков чекор, препорачуваме да купите свежа елка и подоцна да ја засадите во вашиот двор или да ја подарите на некого што може истото да го стори за вас. На тој начин, не само што ќе придонесете за доброто на екосистемот, туку ќе бидете повод за уште едно вкоренето растение на планетата Земја. Не заборавајте дека нашето здравје е во тесна врска со здравјето на природата, за која можете да му раскажете и на вашето љубопитно дете.
За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци