|
 
 	-  Кога разгледувате авионски карти или понуди за патување, вие:
А) чекате да се намалат цените
Б) долго време истражувате и се двоумите помеѓу повеќе опции
В) не се мислите долго; или веднаш се одлучувате или оставате некој друг да одлучи за вас
 	-  За секое патување вие се подготвувате:
А) брзо и практично, со многу малку алишта во куферот
Б) правите детален список и стравувате да не заборавите нешто
В) ги прашувате вашите пријатели што ќе носат
 	-  Идеален одмор за вас значи:
А) во викендица со вашето семејство
Б) во луксузен ресорт со пријатели
В) на планина
 	-  Доколку некој ви подари авионска карта со која може да одите онаму каде што ќе посакате, вие би избрале:
А) некоја далечна тропска дестинација
Б) која  било европска држава каде што ќе можете да шетате по цели денови
В) не е важно каде, важно е да одите со саканата личност
 	-  Големите ресорти за вас претставуваат:
А) опција за која не вреди да се плаќа голема сума  пари
Б) комфор и безбедност
В) златен кафез
 	-  Одењето одмор потполно сам:
А) потполно небезбедна ситуација
Б) никогаш не сте биле, но можеби би пробале
В) здодевен одмор
 	-  Доколку на одмор некој ви понуди некоја од целодневните екскурзии за половина цела од останатите понуди:
А) ќе ви биде сомнително и ќе поставите 10 прашања
Б) нема да ја прифатите
В) зошто да не прифатите
 	-  Кога сте на одмор, најмногу ви пречи: 
А) некој кој ве буди многу рано
Б) лоша услуга во хотелот каде што сте сместени
В) ништо не ви пречи
 	-  Како се храните на одмор:
А) избегнувате луксузни ресторани
Б) го планирате секој оброк во текот на денот
В) кој мисли на храна кога има толку време за уживање
 	-  Колку време ви е доволно за да се одморите:
А) една недела е сосема доволно
Б) онолку колку што ќе овозможат условите
В) никогаш доволно долго
 	-  Кога сте на одмор, поголемиот дел од вашето време го минувате во:
А) читање книга и одморање
Б) спортски активности
В) секакви забавни активности
 	-  Пред да одите на одмор, вашето расположение најмногу би се уништило доколку:
А) некој со кој  патувате се откаже
Б) кога пристигнувате немате соба во која може да се сместите
В) не дозволувате ништо да го расипе вашето расположение
 	-  По завршување на одморот:
А) едвај чекате да се вратите на работа
Б) не можете да се вклопите во секојдневните обврски
В) потребно ви е време за адаптација, но не е страшно
Ако имате најмногу одговори под А
Вие сте личност која ги забележува и најмалите детали и секогаш внимавате на сите работи кои  може да ги расипат вашите планови. Тешко се приспособувате во нова средина и најчесто практикувате да патувате со луѓе кои  ви се блиски и добро познати.
Ако имате најмногу одговори под Б
Иако не сте човек кој сака да ги планира сите свои активности, сепак, при изборот за годишен одмор сакате да бидете сигурни дека ќе ви биде комотно, ќе имате простор и за себе, но и за забава со вашето друштво. Најчесто сте умерени во своите барања, што ве прави одличен избор за сопатник.
Ако имате најмногу одговори под В
Кога станува збор за патување вам ништо не ви претставува тешкотија, бидејќи сте многу флексибилна и приспособлива личност. Не сакате да се водите по одредени планови и сакате да уживате во спонтаните мигови што го прават секој одмор вреден за паметење.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).