Фармацевти
Контакт

<< Назад

Позитивни приказни – „Заедно можеме“

септември 2, 2020

|

Шпенди Салија, претседател на Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме“, Гостивар



Здружението „Заедно можеме“, кое постои само 2 и пол години, има спроведено многубројни проекти и активности во областа на подобрување на квалитетот на живеење, подобрување на социјалниот статус и социјална инклузија на лицата со посебни потреби, особено децата.

Станува збор за проектите: Музико-терапија и психосоцијална работилница – проект финансиран од страна на Фондација Отворено општество; Инклузија на децата со посебни потреби во спортскиот живот и др.

- Здружението беше акредитирано за набљудување на претседателските избори во 2018 год., при што набљудувачи во двата изборни круга беа самите лица со посебни потреби – членови на Здружението. Проектот беше финансиран од Општина Гостивар и од приватни компании. Здружението е сертифицирано од страна на ДИК за обучување на членовите на избирачките одбори на ниво на државата за наредните параламентарни избори (проектот е во тек).
- Организирање обука за родителите на децата со церебрална парализа во соработка со „Медикус хелп“ – обучувач проф. д-р Луијана Мудинова.
- Организирање Јавна трибина „Преку ѕидовите има надеж“ со родителите на децата со аутизам по повод 2 Април Светски ден на аутизам – предавачи; психолог проф. д-р Муса Мусаи, педијатар, примариус Ферит Муча, педијатар Баки Таравари, дефектолог Самит Грбле.
- Организирање новогодишна модна ревија за децата со посебни потреби – 2018 година.
- Две посети во Собранието на РСМ со симулација на собраниска седница од страна на децата со посебни потреби – членови на здружението (2018/2019 г.).
- Четиридневен летен одмор (64 лица) во Велипоја (Албанија) – деца со посебни потреби во придружба на еден родител, како и глуви и наглуви лица (2019 г.).
- Зимски распуст со децата со посебни потреби во скијачките центри Маврово и Попова Шапка (по 3 дена – 55 деца со посебни потреби со придружба на еден родител).
- Дводневна екскурзија во Валона (55 лица) по повод Денот на независноста на Р Албанија (2018 г.).
- Посета на Мечкин Камен – Крушево (55 лица), по повод 8 Септември Ден на независноста на Македонија.
- Учество на претставници на нашето Здружение на повеќе јавни дебати во собрански комисии за донесување закони од областа на заштитата на правата на децата со посебни потреби.
- Посета на црквата „Света Богородица“ по повод христијанскиот празник Божиќ и на Саат џамијата по повод Фитр Бајрам на децата со посебни потреби со различна етничка и верска припадност.
- Учество на Маршот „Штафета на еднаквоста 2018“ и низа други активности.



За време на пандемијата со Ковид-19, Здружението „Заедно можеме“ своите активности ги насочи кон справување со кризата, бидејќи поради вонредната состојба опадна економската моќ на семејствата на нашите членови, се отежна снабдувањето и дојде до израз чувствителноста на оваа категорија на деца од зарази. Поради тоа, организиравме дистрибуција на пакети со прехранбени, хигиенски, производи за дезинфекција, готова вакуумирана храна, како и лекарства и заштитна опрема (маски и ракавици). Нашите волонтери учествуваа на работилница за безбедно доставување помош и храна во услови на епидемија, организирана од страна на Општина Гостивар, ЦЈЗ – Гостивар и Клиниката за инфективни болести – Скопје. При доставување на помошта, нашите волонтери, лицата со посебни потреби и членовите на нивните семејства ги запознава со мерките за заштита од коронавирусот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>