Фармацевти
Контакт

<< Назад

Покачената температура на телото – Голем пријател

февруари 1, 2020

|

Дипломиран фармацевт Нуцка Ристовска
ПЗУ „Аптека Макмедика“, Скопје




Овој текст е со намера да го надополни и коригира знаењето за покачената температура на телото - фебрилност, и да ја намали штетата од нерационалното однесување кон неа. Најчесто, не знаејќи ги најбитните факти, постои температурна фобија (страв), што е проследено со нерационална и агресивна употреба на антипиретици (лекови за снижување на покачената температура), кои се лесно достапни во аптеките, и коишто единствено го подаруваат спокојот на родителите.

Водилка за значењето на покачената температура на телото и нејзина контрола

  1. Правилното мерење на температутата на телото трае најмалку три минути, откако детето мирувало најмалку половина час, по можност на гладно. Температурата е најниска наутро, а највисока попладне, кога телото мирува е пониска, а кога е физички активно е повисока.

  2. Причини за покачена температура се инфекции (вируси, бактерии), примена на вид вакцини, растење на запчиња, но не над 37.8 степени, дехидрација при топло време – сончаница и др. Покачената температура на телото е пријател кој предупредува за инфекциите, дава процена за тежината на инфекцијата, и воедно го вклучува имунолошкиот систем за самозаштита и дава процена за успешноста на терапијата.

  3. Зошто зголемената температура е пријател на нашето тело ?


Кога телото е нападнато од вируси или бактерии, хипоталамусот реагира со зголемување на телесната температура. Вака зголемената температура го активира имунолошкиот систем за создавање зголемен број одбранбени клетки – леукоцити, воедно зголемувајќи ја нивната активност, создава антитела, се намалува количината на железо во плазмата што е услов за намален раст на бактериите, се зголемува бројот на интерферони кои ги уништуваат вирусите, ја зголемува работата на срцето, белодробието, подобрувајќи го метаболизмот.

На температура над 39 степени, бактериите не можат да се размножуваат, па затоа развивањето на вака висока температура укажува и на виталноста на телото и негова добра имунолошка состојба.



  1. Лекување на температурата


Од ваквите сознанија, температура до 38,5 степени не треба да се намалува, но  треба да се контролира, бидејќи температурата не е болест, таа е само знак за болест. Со лекување на основната болест доаѓа до нормализирање на температурата. За лекување на температурата најважни се одредени мерки:

Доколку ваквите мерки не се доволни и температурата се искачи над 38,5 степени, се дава адекватна доза од средствата за контрола на температура и се чека 30 - 60 минути за да делуваат. Не треба да очекуваме антипиретиците да ја вратат температурата на нормала, нивната улога е да не дозволат да таа да се искачи над границата која е ризичната по живот .

Во најголемиот број случаи, температурата се нормализира во текот на 72 часа. Ако по ваквите постапки и изминати 72 часа состојбата не се подобрува, секако јавете се на лекар.

За децата се потребни консултации со матичните педијатри .

Заклучок: покачената температура е пријател на нашето тело а нерационалната употреба на антипиретици, непријател.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>