Фармацевти
Контакт

<< Назад

Поранешните пушачи се во право! Дали пушењето е лична работа?

септември 2, 2020

|

д-р спец. Ика Пешиќ
раководител на Кабинетот за превенција и одвикнување од пушење
Клиника за пулмологија, Клинички центар на Србија
Адаптација и превод: Институт за јавно здравје на Македонија



Дали пушењето е лична работа?

Без тутун за еден месец

Факт е дека повеќе од 80 % од пушачите не се виновни што се пушачи, бидејќи почнале да пушат уште од детството, кога не можеле да се спротивстават на предизвикот и да ја одбијат понудената цигара. Пушењето е болест на зависност, бидејќи никотинот во тутунскиот производ предизвикува силна зависност од која пушачите тешко се одвикнуваат.

Многу пушачи имаат дилеми: што е пушење, кој е пушач, каков е како пушач, кој е поранешен пушач, дали и колку е опасна изложеноста на чад од тутун.

Пушачите често коментираат:

Од друга страна, од непушачите честопати слушаме:

Дали е сè така црно-бело? Секако дека не е. Како и за сè во животот, постојат добри и различни решенија, па така е и со одвикнувањето од пушење.

ПУШАЧИ, СЛУШНЕТЕ ГИ ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ!

Започнете веќе од денес

Станете поранешен пушач – ќе се чувствувате подобро, ќе мирисате поубаво, ќе изгледате подобро и ќе имате повеќе пари.

Бидете упорни и истрајте во својата намера – и вие да станете поранешен пушач.

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ СЕ ПОЗДРАВИ

Сите знаеме дека тутунот е сериозен ризик-фактор за акутни и тешки хронични болести. Докажан факт е дека тутунот директно предизвикува некои заболувања, а за некои придонесува значително. Не е тајна дека секоја година над 650 000 Европејци   умираат од болести кои се поврзани со пушење. Здравствените придобивки за оние кои го оставаат пушењето се бројни, а позитивни ефекти од престанокот со пушење ќе бидат видливи набрзо:

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ ИМ ПОМАГААТ НА ПУШАЧИТЕ

Поранешните пушачи го штитат здравјето на своето семејство, пријателите и колегите. Желбата на поранешните пушачи да им помогнат на пушачите е корисна и добредојдена. Пушачи, прифатете помош од поранешните пушачи, бидејќи тие најдобро знаат што значи да се пуши, а што значи да се живее без вдишување  чад од тутун. Затоа поранешните пушачи се во право!

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ СЕ СО МНОГУ ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА

Престанувањето со пушење е голем успех, но не е ниту едноставно ниту лесно. Поранешните пушачи се многу горди на својот успех. Вашите пријатели, семејството, исто така, ќе бидат горди на вас  – поранешен пушач. Самата свест за тоа колкава е силата на вашата волја бидејќи ќе успеете да ја победите една од најјаките зависности, што ќе бидете задоволни од својот изглед, физичката кондиција, што ќе мирисате поубаво и што другите тоа ќе го забележат, ќе придонесе за тоа да се зголеми вашата самодоверба.

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ ИМААТ ПОГОЛЕМА СЛОБОДА И ДОБРО СЕ ЧУВСТВУВААТ

Никој не ве присилува да престанете да пушите. Дали се чувствувате лошо поради тоа што вашето семејство и пријателите ви префрлаат за пушењето? Дали работодавачот ве опоменува за излегувањето од работа поради пушење? Дали некогаш ви се случило безуспешно да побарате запалка или кибрит од други луѓе, излегувате од ресторан помеѓу две послужувања, пропуштате најубави моменти од прославите, станувате нервозни на долги летови во авион и се тоа поради пушењето. Поради наведените и слични ситуации, зошто да на направите напор и вие да се откажете од пушењето и да се чувствувате добро.

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ СЕ ВО ПРАВО!



ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ ИЗГЛЕДААТ ПОДОБРО

Поранешните пушачи немаат сива боја на кожата на лицето и жолти дамки  на прстите, а имаат бели заби и сјајна коса! Престанокот со пушење е најефикасниот третман за убавина.

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ СПИЈАТ ПОДОБРО

Кога сте млади немате проблем со сонот поради пушењето. Но, состојбата се менува со стареењето. Вашето отежнато дишење ве прави уморни кога ќе станете наутро, а пушењето навечер предизвикува зголемено лачење  адреналин кој доведува до несоница и потешко заспивате.

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ СЕ ПОМАЛКУ НЕРВОЗНИ

Пушачите многу често палат цигара кога се нервозни. После запалената цигара, нивото на никотин во крвта расте и пушачите се чувствуваат посмирено, но само за кратко. Никотинот делува како стимуланс, помага да се ослободи адреналин кој создава чувство на вознемиреност и нервоза. Освен тоа, живеејќи со зависност, тешко дека и некогаш се доаѓа до релаксација. Затоа, подобро оставете ги цигарите и ослободете се од нервозата.

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ МИРИСААТ ПОУБАВО

Кога ќе престанете со пушење, вие ќе престанете да мирисате на чад од цигари. За пушачите чадот од цигари и не е така лош, бидејќи нивните алишта така мирисаат, нивните деца така мирисаат, во нивниот дом тоа е познат мирис и нив не им пречи. Но, за 71 % за европските жители кои не пушат, вашиот мирис од цигари е непријатен. Тоа може да биде сериозна пречка за дружење.

ПОРАНЕШНИТЕ ПУШАЧИ ИМААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ

Кутија од 20 цигари чини просечно околу 2,5 евра и секој пушач  си дозволува барем една кутија дневно. Ако пушите една кутија цигари дневно, на годишно ниво тоа е за неколку пати повеќе од просечната плата. Можете сами да пресметате и да се уверите дека доколку престанете со пушење можете да си овозможите дополнително летување, зимување или неколку убави викенди и доволно незаборавни искуства. Секоја наредна година ќе заштедите најмалку ист паричен износ и така сè до крај на вашиот живот. Доколку престанете да пушите ќе си овозможите  многу убави доживувања и незаборавни патувања.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>