|
Прим. Спец д-р Маја Кирјас
ЈЗУ Клиника за оториноларингологија
Клинички и Универзитетски Центар – Мајка Тереза
Терминот апнеа е краткотраен прекин на дишењето за време на ноќниот сон. Поради пореметеното дишење може да настане: брадикардија, тахикардија, цијаноза или пак рапиден пад на нивото на кислород.
Под Опструктивна апнеа, која е посебен ентитет, се подразбира прекин на дишењето со времетраење од 10 секунди, кое може да се повторува дури и до 500 пати за само една ноќ. Самата појава е проследена со пауза во дишењето, кое рапидно го покачува адреналинот поради стресна состојба (или глад за воздух), зголемен крвен притисок или хипертензија и рапиден пад на нивото на кислорот (кое е нормално 100 SpO2).
- По 5 минутен прекин на дишењето настануваат неповратни/иреверзибилни последници во мозокот
- По 1 минута без кислород мозочните клетки почнуваат да изумираат
- По 10 минутно безкислородно страдање изумираат бројни клетки
Опструктивната апнеа настанува поради пореметена анатомија во горно – респираторните патишта, пореметена архитектура на носот и патолошки промени во носот, епифарикс, орофаринкс, зголемена база на јазик, пореметен сооднос на максила и мандибула, вродена аномалија и др.
Не секое рчење значи дека пациентот има обстуктивна апнеа. Понекогаш рчењето како нелагоден звук се јавува поради:
- Зголемен индекс на телесни масти
- Дебелина и должина на вратот
- Конзумирање на седативи, алкохол, опијати
- Прекумерен замор во текот на денот
Рчењето е проблем исклучиво кога постои прекин/пауза од одстапување од нормалното дишење и водено постои пад на нивото на кислородот, кој е неопходен за функционирање на секоја клетка во нашиот организам.
Најчесто пациентите заспиваат при седење пред малите екрани, за време на возење што е предизвикано од нивниот инсуфициентен организам со кислород. Анатомијата на носот (без патолошки промени) овозможува ротационо движење на кислородот, со што се забрзува и доаѓањето до крајниот дел, алвеолите на плуќата. Секоја патолошка промена во носот го пореметува нормалниот проток и белодробието.
Постојат повеќе типови на апнеа:
- Мозочна или централна апнеа
- Обструктивна апнеа
- Мешана апнеа
- Конгенитална апнеа (вродена грешка во наурогенезата)
Статистиката во Македонија во последните 5 години покажува регистрирање на најмалку 9 пациенти месечно, што земајки го предвид фактот дека постои многу мал број на индивидуи кои што биле на ваков тип на преглед, нималку не е занемарлива бројка.
Најчести симптоми кај пациентите се; главоболка, утрински мамурлак, депресија, хроничен замор, намалена концентрација, заборавеност, чувство на гушење... Може слободно да се каже дека станува збор за ‘подмукла болест’ бидејќи организмот страда неосетно. Дијагнозата се реализира при фиберски преглед кај оториноларинголог или пак со полисомнографски тест. Секое игнорирање на ова заболување е потенцијален ризик за срцево, мозочно, метаболно страдање на пациентот.
Централната апнеа има два типа, и тоа:
- Со зголемена количина на јаглеродниот диоксид CO2 во крвта – хиперкапнеа. Се манифестира со ослабнато спонтано дишење, зголемена количина на CO2 која води до пореметување со зголемена киселост во крвта.
- Со намалена количина на јаглероден диоксид CO2 во крвта – хипокапнеа. Станува збор за зголемена работа на центарот на дишење или зголемена вентилација на белодробието, со што настанува респираторна алкалоза која води до намалена прокрвеност на мозокот, срцето и исхемија. Овој вид на апнеа најчесто се појавува кај пациенти со мускулна дистрофија, неуро-мускуларни болести, тешки прележани мозочни инсулти, енцефалити...
Неоперативен третман на апнеа
Коблаторот како неинвазивен метод кој ја заменува класичната оперативна интервенција функционира на начин при што радиофрекфентните бранови кои што се пренесуваат преку апликатор, ги редуцира и намалува мекоткивните патолошки структури во носот. Покрај во оториноларингологијата, коблација е корисна и во други медицински гранки. Истиот метод се користи и за носна полиоза, отежнато дишење на нос, предизвикано од алергии, редуцирање или намалување на зголемени болни крајници, зголемета и елонгирана увула или ресичка, патолошки промени во носните ходници ид друга патологија како чести бактериски инфекции, зголемена лингвална тонзила и одредени патолошки израсили во орофаригеалниот простор.
Колаборацијата како метода во нашата држава е започната од пред неколку години и голем дел од пациентите не се информирани за постоењето на истата. Станува збор за користење на апликатори како средство за интервенирање и истите се само за една употреба. Амбулантската интервенција трае приближно 10-15 минути и се реализира со локална анестезија. Не постои крварење за време на самата интервенцијата, ниту пак по интервенирањето – што ја прави достапна само во одредени медицински центри. По интервенцијата не постои тампонирање на носот, не станува збор за ограничување или пак режим на исхрана, со што пациентот продолжува да ги извршува секојдневните обврски непречено. Според направените анализи и статистики, не постои ризик од оваа интервенција.
За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2020).