Фармацевти
Контакт

<< Назад

Придобивки од вежбање Кик Фит

септември 1, 2022


Драгана Бјанка Андреевска
Сопственик и тренер на Фирс Фитнес Скопје


Кик фит часовите се комбинација од вежби инспирирани од Кикбокс, Бокс, фитнес, аеробик и пилатес. Кик фит тренингот е забавен начин да научите нова вештина, како удирање добар директ или “high kick”, а притоа да согорите МНОГУ калории, да го активирате целото тело и да работите на оние проблематични мускулни групи кои ќе ви го дадат телото од соништата.

Резултатите на вашето тело и линија доаѓаат многу брзо, како што влегувате во форма, ги тонирате мускулите, го зајакнувате целото тело, ја подобрувате кондицијата и го намалување масното ткиво.

Вежбањето Кик фит има и многу здравствени прдобивки. Благопријатно делува на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува работата на зглобовите и сврзните ткива, ги подобрува балансот и координацијата.

Психичките придобивки кои ги добива секој кој практикува Кик фит исто така не се за занемарување.

Најголем број од нашите клиенти потенцираат дека стресот и анксиозноста драстично им се намалени благодарение на редовните тренинзи. Во науката веќе е добро познато дека физичката активност е многу добредојдена за секој кој чувствуа дека е под зголемен стрес, поминува низ тежок период или едноставно чувствува незадоволство.

Удирањето во вреќа е дефинитивно најдобар начин да ја извадите лошата енергија и стресот. Надополнето со добро структуиран тежински тренинг и вежби за истегнување на крајот од тренингот, доброто чувство после тренинг е неизбежно.
Вежбањето може да има позитивни придобивки за секој, почнувајќи од тоа што ќе ви помогне да ја контролирате вашата тежина, да го намалите ризикот од срцеви заболувања, да го држите нивото на шеќер во крвта во нормало ниво… Се до промена на вашиот менталитет и пристап кон животот, да бидете поодговорни за себе и за своето здравје, да створите уште повеќе здрави навики кои ќе ви го подобрат животот: да јадете по здраво, да престанете да пушите, да конзумирате помалку алкохол, да поминувате повеќе време во природа…
Вежбањето докажано помага и за подобра работа на мозокот, побистро размислување, полесно учење на нови работи, поголем фокус и концентрација.

Доколку сеуште се двоумите дали да почнете со вежбање, ова е вашиот знак дека треба да почнете уште денес! Вежбањето е за секого, без разлика на пол или возраст. Ќе ве донесе поблиску до подобрата, посреќната и поздравата верзија од себе која заслужувате да бидете.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>