Гордана Трендовска Серафимовска
дипл. фарм. спец. по контрола и испитување лекови
советник за канабис
РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ, СКОПЈЕ
|
Канабис, ДА или НЕ... Достапноста за негова примена во медицински цели е веќе реалност... Изборот е ваш...
Канабисот несомнено е растение чија употреба, во вид на различни преработки, е позната уште од времето на древните цивилизации...
Го нарекуваат „супериорен еликсир на бесмртноста“.
Го споредуваат со „ризница“, „неисцрпен извор на фрамаколошко-активни компоненти“...
Неговиот потенцијал го споредуваат со потенцијалот на пеницилинот...
Сè повеќе на глобално ниво се наметнува прашањето:
Дали е тоа следното откритие кое ќе ги смени тековите на лекување во медицината?
Експертите, во неговите бројни фитокомпоненти, сè повеќе препознаваат сличност со витални молекули на човечкиот организам.
Кога би бил откриен сега, а не пред повеќе од 5 000 години, би бил величан и обожуван поради својот исклучителнo богат состав и висок потенцијал во третман на многу заболувања и состојби, од болка до канцер.
Сите овие секвенци кристално јасно наведуваат на канабис, најконтроверзното растение во природата, кое конечно ја доживеа својата демистификација, откако повеќе од осум децении во минатото беше во целосна прохибиција.
Канабисот како растение содржи над 500 познати фитокомпоненти, од кои 120-140 се канабиноиди, во нивната декарбоксилирана/неутрална форма, растворлива во масти и карбоксилирана/кисела форма, растворлива во вода.
Дополнително содржи и богатство од терпени и терпеноидни соединенија, флавоноиди, фитостероли, каротеноиди, незаситени омега масни киселини (омега 3, омега 6 и омега 9) во најдобар биолошки сооднос, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, фолна киселина), пигменти, алкани, азотни соединенија, кои се особено значајни во изградба и зачувување на интегритетот на клетките и правилно функционирање на многу системи во човечкиот организам и др.
Присуството на примарните канабиноиди; CBD (
Cannabidiol), THC (
Tetrahydrocannabinol) и неговите изомери, како и нивните карбоксилирани форми, заедно со останатите канабиноиди присутни во значително пониски количини во цветот и екстрактите од канабис; THCV, CBN, CBC, CBG, CBV, CBDV и нивните карбоксилирани форми, како и терпени и терпеноидни соединенија, флавоноиди, каротеноиди и фитостероли, исклучително е значајно поради нивното изразено меѓусебно синергистичко дејствување.
Тоа ги прави екстрактите од канабис корисни во превенција и одржување на добросостојбата, но не само тоа, од тука извира неговиот потенцијал да помага во третман на многу болести и состојби на човечкиот организам:
- состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, несоница;
- болка од различно потекло, порaди нивното изразено противвоспалително дејство, како и при хронична невропатска болка;
- мускулни спазми;
- глауком;
- гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, одржување на балансот на цревната флора и стимулирање на апетитот;
- недостиг на апетит, анорексија;
- кардиоваскуларни болести и проблеми со крвен притисок, поради потенцијалот на подобрување на работата на срцето и кардиопротективното дејствување;
- покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, како и при регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта;
- при локална употреба, кај инфекции предизвикани од бактерии и габи, дури и при пројавена резистенција на антибиотици и антимикотици;
- позитивни ефекти од адјувантна употреба на препарати од канабис се познати и кај малигни заболувања, епилепсија, мултиплекс склероза, Паркинсонова болест, автоимуни заболувања и др.;
- голем број научни институции и компании од оваа област, во соработка со Универзитети во Европа, Канада, Израел, Америка и Австралија... работат на истражување на потенцијалот на канабис во борбата со ковид-19.
Истражувањата, фокусирани на ефектите на канабис врз имунолошкиот систем, ACE2 рецепторите на клетките и улогата на терпените во превенција на влезот на вирусот во клетките, доаѓаат до сознанија дека
Cannabis Sativa може да се користи во превенција и третман и на инфекции од SARS-Cov-2, вирусот кој го предизвикува ковид-19.
Неспорно е дека и во сите други случаи кога конвенционалната, стандардна медицина базирана на докази нема соодветен одговор или нема никаков одговор, секако дека постои оправданост да се посегне кон третман со канабис, кој може да има потенцијал да ја подобри состојбата како адјувантен (дополнителен) третман, па дури и да доведе до можност за намалување, па и целосно исклучување на стандардната, конвенционална терапија, која на пациентот не му ги дава очекуваните ефекти.
Конечно, по повеќегодишна борба, во јуни 2016 година, Македонија го направи вистинскиот крупен чекор; со Закон за опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори, конечно и во Македонија се либерализира употребата на канабисот во медицински цели.
Главни иницијатори и промотори на легализацијата беа граѓаните на Македонија, на кои потенцијалот на канабисот им беше веќе познат, но достапноста до него законски ограничена, поради што со години водеа битка на два фронта; со злокобната болест и со законот.
Веќе неколку години пред легализацијата, како во светот така и кај нас, активно се работеше на развој и истражување на канабисот, како проект од интерес, поради неговата растечка употреба во светски рамки, во медицински цели; за голем број медицински индикации кај кои медицината базирана на докази нема соодветен или нема никаков одговор.
Граѓаните на Македонија сè повеќе го осознаваа волшепството на канабисот, чудесниот синергизам кој природата го дала во само едно растение и бенефитите кои ги нуди неговата примена во медицински цели.
Непосредно по донесувањето на Законот, во средината на 2016, во Македонија започна сериозно индустриско производството на екстракти од медицински канабис и готови производи за медицински цели, во кои се инкорпорираат неговите екстракти.
И сето тоа се случуваше во време кога ниту во државата ниту во соседството немаше воопшто компетиција. Немање компетиција, значеше немање ниту искуство...
Македонија израсна во пример во регионот и пошироко. Започна како прва и континуирано се развива како водечка држава во регионот, како пример за бројност, разнообразност и висок квалитет на препарати од канабис од домашно производство, наменети за медицински цели...
Изборот „Да“ или „Не“ во однос на воведување во третман со канабис останува на пациентот и лекарот специјалист кому пациентот му ја дал довербата.
Но, бидете претпазливи...
Не каков било канабис, не во која био форма, не во кој било состав, не во која било концентрација... не во какво било пакување... не во која било доза...
Не од кој било производител...
Конечно, не со каков било квалитет...
За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2021).