Биљана Николовска
Менаџер за продажба
Сиело Фарма Дооел Велес
|
Кумаринските деривати како активни компоненти се широко распространети во растителниот свет. Постојат преку 1300 кумарини, кои се изолирани од различни делови на растенијата. Проучувани и употребувани векови наназад, привлекувале сè поголемо внимание, пред сè, поради нивните изразени фармаколошки и биохемиски својства. Во современата медицина се користат природни или синтетски во третман и како терапија при многу болести, а во конвенционалната медицина најчесто се користени како антикоагуланти средства.
Но, нивната улога и ефектите што произлегуваат од нивната употреба кај пациенти со малигни заболувања е нешто што привлекува сè поголемо внимание и е една од алтернативите за успешно третирање и успех во третман на малигни болести.
Имено, канцерот, познат како болест на абнормална делба, размножување и акумулација на клетки во организмот, е една од водечките причини за смртни случаи кај пациентите кои имаат таква дијагноза. Во нормални услови, со помош на сигналите кои ги добиваат од надворешната средина, клетките растат, се делат и се размножуваат. Пред да започне делбата, клетката ја проверува својата околина, односно дали има доволно хранливи материи и место за растење и доколку условите се поволни процесот започнува. Кога ќе ја достигнат својата оптимална големина и број, се активира сигнален механизам со кој секоја клетка е програмирана и процесот запира. Во случај на оштетување на ДНК или на некој од клеточните елементи, или се случува репарација, или се активира апоптоза (програмирана смрт на клетката) во што учествуваат и клетките на имунолошкиот систем и се уништува оштетената клетка. Така се спречува пренесување на оштетена ДНК на следните генерации клетки. Но, канцерогените клетки имаат свои сигнални механизми, кои овозможуваат тие да растат и да се размножуваат. Дури имаат и сопствен васкуларен систем (неоваскуларизација) со цел добивање хранливи материи. Тие можат да продолжат со вечна репликација (размножување), да навлезат во циркулацијата и да се преместат во различни органи создавајќи метастази.
Со цел да се постигне превенција на таквите состојби, односно зачувување на здравјето, или поддршка на пациенти со дијагноза на малигно заболување, кои се со или без хемотерапија или радиотерапија, може да се користат препарати со кумарински деривати, изолирани од билки кои се богати со нив, како што е глуварчето (taraxacum officinalle), кое е богат извор на 5,7 дихидрокси 4 метил кумарин, хемиска компонента со силно изразено дејство и голема потенција во борба со такви состојби.
Постојат препарати изработени од билки со кумарински деривати, со избалансиран состав и концентрација на активни компоненти, кои освен антиканцерогено дејство, имаат и моќно антиинфламаторно и изразено имуностимулативно и имуномодулаторно дејство, ги инхибираат факторите одговорни за оштетување на клетките и стимулираат создавање нови клетки и замена на старите кои се оштетени. Исто така, имаат капацитет да го регулираат нивото на црнодробните ензими – трансаминази, ги елиминираат штетните метаболити кои се создаваат при примање хемотерапија и овозможуваат нејзино целосно примање, со елиминација на нуспојавите, како што е опаѓање на косата.
Со моќното противвоспалително дејство врз црниот дроб и црнодробните ензими, може да се спречи или да се минимизира фиброза на црн дроб и прогресија на цироза во карцином.
Имено, ефектите од примена на кумаринските деривати се големи и тие можат да се користат со цел:
- подобрување на имунитетот кај пациенти кои се имунокомпромитирани или кои сакаат превентивно да дејствуваат на своето здравје;
- пациенти со дијагностицирано малигно заболување на меки ткива, со или без метастази, односно карциноми на дојка, простата, дигестивен систем, бубрези, панкреас, желудник, меланом и сите меки ткива кои се засегнати од таква состојба;
- пациенти со хепатити (воспаленија на црниот дроб) од различна природа, вирусни и невирусни, покачени трансаминази, цироза, фиброза, масна дегенерација на црн дроб;
- пациенти со ХПВ или други воспалителни заболувања на урогенитален тракт.
Современата фитомедицина и фитофармација одат во чекор со конвенционалната медицина и фармација и со сè понови препарати со моќно дејство и достапност за употреба нудат адекватна поддршка и помагаат во решавање на некои од најтешките состојби и болести со кои се соочуваат луѓето денес.
Затоа можеме да заклучиме дека ваквиот тип на препарати би бил можеби решението кое вие го барате со цел поквалитетен живот и подобро здравје.
За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2021).