м-р по фармација Стефче Монавчев
ИННвента
|
Бенигно зголемување на простата (БПХ) е најчеста болест на простатата и дури 25% од работата на уролозите се состои во лекување на оваа болест. Бенигното (неканцерогено) проширување на простатата е предизвикано од раст на нови клетки на простатата. Симптомите се многу непријатни и се однесуваат на отежнато мокрење, нецелосно празнење на мочниот меур, често мокрење (во текот на денот и/или ноќта), како и нагон за мокрење, што не може да се потисне на кој било начин.
Компликациите од оваа болест се многубројни, затоа е многу важно да се започне со терапија на време со цел да се спречи прогресијата на болеста. На почетокот, пациентите развиваат инфекции на уринарниот тракт кои тешко се лекуваат и често се повторуваат, а во подоцнежните фази на БПХ во урината се појавува крв, доаѓа до оштетување на мочниот меур и бубрезите (се формираат песок и камења во уринарниот тракт) а една од најтешките компликации е уросепса - интоксикација, односно труење на организмот поради нарушена функција на бубрезите.
Од нефармаколошките мерки, се препорачува умерен начин на живот и диета. Исхраната мора да биде разновидна, богата со витамини, умерено солена и незачинета. Важно е да се избегне продолжено седење и лежење, напорно одење и возење велосипед. Пациентот мора редовно да уринира и да не го одложува мокрењето, да избегнува внесување големи количини на течности одеднаш, да не консумира алкохол и ладни пијалоци. Во последниве години, фитотерапијата зазема многу важно место во официјалните уролошки водичи за третман на бенигна хиперплазија на простата.
Што е Graminn®?
Ново решение за зачувување на здравјето на простатата и на целиот уринарен тракт.
Graminn® содржи чист екстракт на поленов прав од 'рж, чии активни принципи содржат стандардизирана количина на фитостероли и аминокиселини. Се користи при третман и контрола на БПХ кај пациенти со зголемена простата, акутен и хроничен небактериски простатитис и еректилна дисфункција.
Зошто Graminn®?
Ефикасноста на Graminn® е докажана во повеќе од 100 клинички студии, а исто така вклучен е во Европскиот уролошки водич за третман на БПХ. Со докажан двоен механизам на дејство, ги намалува симптомите на БПХ и го подобрува квалитетот на живот. Својот фармаколошки ефект Graminn® го манифестира преку намалување на болката при мокрење и намалување на фреквенцијата на мокрење, особено во текот на ноќта, зголемување на протокот со постојан прилив на урина и чувство на целосно празнење на мочниот меур. Сите овие симптоми на БПХ се многу непријатни и значително влијаат на квалитетот на живот на пациентот.
- Кај 78% од пациентите доаѓа до намалување на болката при мокрење;
- Ги ублажува субјективните симптоми кај 69% од пациентите;
- Подобрување кај 60% од пациентите со ноќно мокрење;
- Подобрување кај 57% од пациентите со нецелосно празнење на мочниот меур;
- 13 од 15 пациенти со хронично воспаление на простатата имаат целосно и трајно олеснување на симптомите.
Современата технологија на производство овозможува изолирање на поленот од јадрото богато со активни принципи и елиминација на сите алергени и нуспроизводи во лушпата, така што Graminn® може да го користат луѓе склони на алергиски реакции после употреба на полен.
Како да се користи?
Graminn® се користи еднаш на ден, кутијата е доволна за месечна терапија бидејќи содржи 30 капсули.
За целосен терапевтски ефект, се препорачува континуирана терапија од 3 месеци.