Фармацевти
Контакт

<< Назад

Пробиотици и нивна примена за зајакнување на имунолошкиот систем

октомври 1, 2020

|

Габриела Качакоска – Нанеска
дипл. Фармацевт
ПЗУ АПТЕКА „БИОЛЕК 3“ ПРИЛЕП



По дефиниција на Светска Здравствена Организација, пробиотиците се живи микро организми наречени “добри” бактерии, чија што употреба во адекватни количини има поволно дејство врз здравјето на човекот.

Во човечкиот организам,во гастроинтестиналниот тракт, односно цревата постои микрофлора (бактерии) кои се важни за созревање и развој на имунолошкиот систем. Пробиотиците помагаат во воспоставување на рамнотежа меѓу таканаречените “добри” и  “лоши” бактерии. Оваа рамнотежа може да биде нарушена поради болест, стрес ,стареење ,земање на антибиотиц, изложеност на токсини итн.

Најчесто користени пробиотици се разни видови од родот Bifidobacterium(нормални жители на дебелото црево) и Lactobacillus. Голем број на истражувања докажуваат дека пробиотиците помагаат во одржување на добрата здравствена состојба посебно имунолошката функција. Со одржувањена нормална желудочно-цревна функција се превенира односно спречува инфекција. Здрав стомак значи здрав организам. Нарушената рамнотежа на “добрите“ и “лошите” бактерии е услов за појава на разни заболувања.

Дали треба да се земаат пробиотици како превенција и заштита од корона вирусот?

Корона вирусот е нова инфекција и многу нешта не се познати .Но,тоа што можеме да направиме освен социјалната дистанца и хигиената,е секако да го зголемиме внесот на пробиотици и на тој начин да го стимулираме нашиот имун систем и да му помогнеме да се бори против корона вирусот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>