Фармацевти
Контакт

<< Назад

Продуктивна кашлица и терапија

јуни 1, 2024



Кашлицата е појава,односно симптом,која може да се јави во било која возраст.Се појавува,како ненадејно,неволно вдишување и издишувње и автомарско испуштање на воздух на којшто начин организмот се стреми да ги отстрани штетните материи од дишнитње патишта. Појавата на кашлица најчесто е знак на инфекција,болест,последица од пушење,алергиска реакција,езофарингеален рефлукс и др.Многу фактори придонесуваат за настанаување на кашлица и може да бидат како внатрешни така и надворешни.Меѓутоа најчест фактор за појава на кашлица се инфекциите на респираторниот систем,како бактериските така и вирусните.Резултат на инфекцијата е кашлица која може да биде сува,продуктивна или комбинирана.

Продуктивната кашлица е резултат на зголемно создавање на мукус.Мукусот е физиолошки секрет.Имено,здрав организам произведува 100 милилитри мукус за 24 часа.Најголемиот дел од мукусот се реапсорбира во бронхијалната мукоза.Продукцијата на мукус се зголемува со белодробни заболувања или заболувања на целото респираторно стебло.Зголемената продукција на мукус води кон зголемен вискозитет на мукусот,ја намалува функцијата на трепките(цилиите)во респиратотрниот тракт кои се одговорни при исфрлањето на туѓите материи,се спздаваат мукозни чепови и се создава отпор во дишните патишта.затоа продуктивна кашлица секогаш е проследена со болки во градниот кош,болки во стомачната мускулатура,главоболки ,несоница и општ замор.

Кашлицата треба да се лекува етиолошки.

- ако се докаже бактериска инфекција се дава примарно антибиотски третман
-вирусна инфекција со витамини,препарати за имунитет и антивируани лекови
-при продуктивна кашлица кај хроничните заболувања се лечи основната болест
-ако е од надворешни фактори загаденост на воздух,алергени итн.да се намали изложеноста кон овие фактори.

При продуктивна кашлица,треба да се влажни воздухот во просторијата,да се дават поголеми количества на течност,топли напитоци...

Покрај ова треба да се даваат лекови како што се муколитици,експекторанси и секретомоторици.

-секретолитиците ја разводнуваат слузта за полесно да се исфрли
-муколитиците ги раскинуваат молекуларните врски во секретот па така тој полесно ке се исфрли
-секретомоториците ја зголемуваат подвижноста на цилиите(трепките)кои го помагаат истотака исфрлањето на секретот.

Продуктивната кашлица може да трае и до 3 недели доминантна е во месеците од есен до пролет,но може да се јави и преку цела година.

Габриела Качакоска-Нанеска ПЗУ аптека Биолек 3 Прилеп

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>