Фармацевти
Контакт

<< Назад

Пролетта е идеално време за вежбање

мај 16, 2023



Вежбајте секој ден за здраво и фит тело

Велат дека оние што сакаат нешто – бараат решенија, а оние другите бараат оправдувања. Е, па, дами... доста беше со оправдувањата, летото доаѓа и ова е совршено време да бидете во форма пред да пристигнете на плажите.

Вежбањето во сала не е лесно. Константен притисок и недостиг на време. Разбираме, па затоа и имаме решение. Домашна вежбалница. Мали чекори, справи лесни за користење и ритам што вам најмногу ви одговара. Ова е начиност за успех. Инвестирајте малку пари и само 20-ина минути од вашето време секој ден и можете да бидете сигурни дека сѐ ќе се исплати.

ЛЕНТА ЗА ВЕЖБАЊЕ
Одлична за обликување на целото тело. Една од најинтересните и најлесни опреми за вежбање. Ја собира во рачна торба, а можете да ја носите со вас и во паркот за да вежбате на зелената трева. За да ги обликувате вашите гради и раце, истегнете ја лентата најмногу што можете преку градите и обидете се да влечете во двете насоки, со што ќе ги активирате мускулите и на рацете и на градите. Повлечете и отпуштете 10 пати, потоа сменете ги рацете. Повторете ја вежбата по 3 серии со двете раце.

Седнете со прекрстени нозе и замотајте ги краевите на лентата во рацете. Ставете ја над главата и замавнувајте од налево кон надесно најбргу што можете. Повторете 10 пати во 3 серии обидувајќи се да замавнувате што подлабоко секојпат.

Додека рацете ви се над главата, обидете се да влечете на двете страни во спротивна насока. Повторно направете ја оваа вежба 10 пати во 3 серии и дозволете им на рацете да се одморат помеѓу секоја од нив. Легнете на грбот со поткрената глава и ставете ја лентата под вашите колена. Обидете се да ја влечете најмногу што можете. Не повторувајте. Едноставно влечете ја и обидете се да му одолеете на искушението да се одморите најдолго што можете.

Затегнете ги сите мускули. Доколку вашето тело почне да се тресе, тоа е знак дека прави голем напор, кој се исплати. Обидете се да го продолжите моментот и да уживате. Повторете 3 пати. Доколку често ја правите оваа вежба, со време ќе видите напредок - вежбата ќе ви станува сè полесна, тресењето ќе престане и, секако, ќе добиете повеќе вретенести мускули отколку сало.

СПРАВА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА СТОМАКОТ

Правењето стомачни вежби или го обожавате или ве измачува. Доколку ги правите правилно, ќе имате ефект на стомачните мускули, но доколку не - може да ви се создаде проблем со 'рбетот. Со едноставна опрема за вежбање можете да ги избегнете овие проблеми. Ставете ги стапалата во држачите и фатете ги рачките во полуисправена позиција.

Затегнете ги мускулите и влечете ги рачките кон вашите гради според веќе добро познатата мантра: повторете 10 пати и одморете се 1 минута, а потоа направете уште 2 серии.
Справата можете да ја користите и во исправена позиција влечејќи нагоре за да ги вежбате мускулите на рацете и градите, а стомачните мускули ќе се затегнуваат паралелно.

ЈАЖЕ ЗА СКОКАЊЕ

Почнувајте и завршувајте ги вежбите со малку корисна забава. Се сеќавате ли на скокањето со јаже? Еден од вашите најдобри пријатели во детството сега може да направи чудо за вашето тело. Знаете како да го употребувате, но не претерувајте. Загрејте се со него 5 минути пред да почнете со вежбањето и исто така завршете ја сесијата со малку скокање. Можете да го зголемите бројот на минути со тек на време. Секој трет ден можете да се откажете од која било вежба и наместо таа, да скокате на јаже подолго време.

Вашите мускули ќе имаат време да закрепнат и да се регенерираат, а скокањето ќе го забрза процесот на согорување на мастите. И една последна работа - не заборавајте да се забавувате додека вежбате. Доколку не го правите тоа, многу бргу ќе се откажете, а тоа не е она што сакате да го постигнете. Не создавајте се притисок, вежбајте онолку колку што можете и градете ја вашата сила, но и тело, со време. Можете да го направите тоа!

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Април 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>