Фармацевти
Контакт

<< Назад

Развој на моторика кај вашите деца

април 1, 2022

проф. д-р Слаѓана Ангелкоска
психолог

|



Моторниот развој кај децата директно е поврзан со целокупниот развој. Тоа би значело дека доколку детето нема избалансиран моторен развој, негативните влијанија ќе се пренасочат и на другите развојни домени, како развој на говор, когнитивниот и емоционалниот развој. Токму затоа би рекле дека моторниот развој претставува една целина на физички и моторни вештини, кои почнуваат да се јавуваат уште од мала возраст. Потребно е да се стави голем акцент на игрите што ја будат креативноста кај детето, интерактивните играчки што се составени од различни форми и бои, како и играчките од различни материјали (меки и тврди). Сите овие активности го поттикнуваат движењето на прстите, што го прави детето емоционално и ментално порелаксирано.

Истражувањата покажале дека постои паралела помеѓу интелектот и фината моторика: развиеноста на детскиот интелект е пропорционален со степенот на развиеност на фината моторика. Тоа значи дека секое дете кое активно ги користи прстите и рацете придонесува за развојот на својата вештина за говорење, интелектуалниот, како и емоционалниот развој.

Развојните фази низ кои поминува детето во текот на своето растење не се одвиваат независно една од друга. Моторниот развој и одржување на рамнотежа се од големо значење за развој на интелектуалните способности. Најголем потенцијал на мозокот кој е потребен за развој на способностите, како што се говорот, симболите, броевите е периодот од првата до четвртата година. За правилен развој на детето, за развој на мозокот многу е значајна и важна раната стимулација. Раната стимулација не е значајна само за моторниот, когнитивниот, емоционалниот развој на детето, таа е важна и за неговиот индивидуален развој, развојот на неговите способности, предиспозиции и откривање на потенцијалите на детето.



Долгото седење пред компјутер и играње игрици го намалуваат хипокампусот, кој е мала форма во мозокот и е вклучен во формирањето нови сеќавања, поврзан е со учење и со емоции. Хипокампусот игра клучна улога во формирањето, организацијата и складирањето на новите спомени, како и поврзување на одредени чувства и емоции со овие спомени... Истражувањата, исто така, покажаа дека различни подрегиони на хипокампусот играат важна улога во одредени видови меморија... Тој ги зема информациите, ги регистрира и привремено ги складира пред да ги испрати да бидат поднесени и да се чуваат во долгорочна меморија... Бидејќи хипокампусот игра важна улога во формирањето на нови сеќавања, оштетувањето на овој дел од мозокот може да има сериозно долгорочно влијание врз одредени видови на меморија. Постојаното седење пред компјутер ни ја одзема потребата за размислување, а тоа е процес кој го одржува мозокот во форма... Како резултат на тоа детето ќе покаже потешкотии во учењето и постигнувањето  успеси, намалена концентрација, намален фокус, намалена ориентација... Токму затоа многу е важно децата да се развиваат когнитивно и интелектуално низ природните процеси на игра со движење и активности на целото тело...

Не постојат совршени и непогрешиви родители. Потребно е да бидеме доволно добри родители, да бидеме свесни и да бидеме родители кои ќе му помогнеме на детето да го развие својот природен потенцијал и способност за самостојна грижа за себе. Не постои ниту единствен рецепт за одгледување на детето, но многу љубов, како и отвореност за промена и учење ќе ни дадат насоки како да останеме поврзани со детето.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>