Фармацевти
Контакт

<< Назад

Рачно изработени честитки за искрени желби

декември 1, 2019



|

Зошто новогодишните честитки да станат минато? Сигурно вашето дете ужива додека создава нешто заедно со вас, особено ако станува збор за нешто креативно. Доколку веќе ја украсивте својата новогодишна елка и ги купивте подароците кои ќе стојат под елката, време е да направите новогодишни честитки со кои можете да ги израдувате вашите најблиски.

Честитките, покрај тоа што ќе ја разбудат креативноста кај вашето дете, ќе допринесат да се присетите на времињата кога сите го проверувавме поштенското сандаче. Додека уживате во убавата домашна атмосфера и го пиете топлиот зачинет чај, дозволете си само еден час од вашето време, пуштете музика и бидете креативни заедно со вашето дете или вашите пријатели.

Креативноста е една од поубавите здрави навики која се смета за духовна храна на мозокот.

Во новата година имајте повеќе време за себе и своите блиски, бидете исполнети со љубов и здравје! Нека е среќна и бериќетна!Доколку немате идеја што да напишете, еве неколку предлози:

Ако здравјето е најважно, среќата најпотребна, а љубовта неопходна, искрено ти посакувам тоа да биде дел од Вашиот живот во оваа Нова 2020 година!

Во новата година ти ја посакувам силата на ветровите, смелоста на ѕверовите, мудроста на вековите

За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>