Фармацевти
Контакт

<< Назад

РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ТКИВА

декември 31, 2022



Пишува: Д-р Ивица
Луканоски - ПЗУ Д-р Ивица
Луканоски

Поимот регенерација означува обнова на ткива што ги изгубиле структурата и функцијата и комплетно се деструирани.

Постојат неколку типа на регенерација:

1. Периодонтална регенерација
Периодонталната регенерација има цел да ја намали длабочината на џебовите што се формирале околу забот, а со тоа да се зацврсти периодонталниот атечмент.

Со помош на мембрана и помошен материјал од вештачка коска споменатите дефекти може да се пополнат како на фотографијата.

2. Коскена регенерација
Коскена регенерација е техника што има цел да ја замени изгубената коска на алвеоларниот гребен. Најчесто е комбинација на терапија со поставување импланти.

Кога кај пациентот има потреба од поставување имплант, а коската нема доволно волумен, тогаш се пристапува кон поставување вештачка коска.

3. Регенерација на меките ткива
Регенерацијата на меките ткива има цел да го аугментира кератинизираното ткиво и да го зголеми волуменот на мекото ткиво. Тоа понатаму овозможува биолошка и функционална стабилност на ткивата околу забите и имплантите.

Индикации за примена на оваа терапија се:
- добивање кератинизирано ткиво околу имплантите и забите;
- при планнирани протетички изработки, каде што има недостиг на ткиво;
- подобрување на естетиката.

Презервација на алвеоларен гребен
Оваа метода подразбира стопирање на ресорптивниот процес на алвеоларниот гребен, кој се случува по вадење на забите и дава промени на алвеоларната коска и меките ткива како во хоризонтална така и во вертикална насока.

Заеднички фактори
Целта на регенеративната терапија е да се даде најдобар можен третман на секој пациент.
Меѓутоа, успехот од терапијата зависи од повеќе фактори, меѓу кои и факторот пациент. Навиката за пушење, кардиоваскуларните заболувања и ниската резистенција на инфекции се дел од факторите што директно влијаат на оваа терапија.
Пред да се почне со оваа терапија усната празнина мора да биде санирана и ослободена од извор на инфекци, а пациентот мора да вклучи соодветна и ефективна орална хигиена.

Материјали што се користат за регенерација:
1. Мембрани
Најчесто употребувани мембрани се следните:
- колаген-мембрана
- (e)-PTFE - политетрафлуороетилен
- лактид и глуколид полимери
Мембрани-помошни материјали
- автографти (од самата индивидуа)
- алографти (од друга индивидуа)
- ксенографти (од животни)
- алопласти (синтетички од фабрика)
Во ординацијата ПЗУ „Д-р Ивица Луканоски“ се работат модерни и минимално инвазивни процедури за регенерација, кои овозможуваат предвидливи резултати и минимален постоперативен дискомфорт кај пациентите.

Дополнително се применуваат ПРП и ПРФ (плазма богата со тромбоцити), техники што дополнително ја помагаат и ја забрзуваат регенерацијата на ткивата.

Тоа се деривати што се добиваат од крвта на пациентот и во комбинација со алографти и ксенографти даваат најдобри резултати во регенерација на ткивата.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>