Репродуктивно здравје Најважната инвестиција за иднината
ноември 30, 2025
Желбата за потомство е една од најприродните и најсилни човечки потреби. Но, денешниот динамичен начин на живот, хроничниот стрес, загадувањето, неправилната исхрана и хормоналните нарушувања сè повеќе влијаат врз плодноста – и кај жените и кај мажите.
ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
Сè почесто се зборува за неплодност како состојба која ја засега секоја шеста двојка во светот, но истовремено науката нуди решение: правилна превенција, здрави животни навики и соодветна нутритивна поддршка можат значително да ја подобрат шансата за успешна бременост. Кај жените, квалитетот на јајце-клетките и правилната овулација се клучни за зачеток. Современи истражувања покажуваат дека одредени нутриенти – како мио-инозитол, витамин Д3, фолна киселина, антиоксиданси (витамин Е и Ц), цинк и селен – имаат важна улога во одржувањето на хормоналната рамнотежа, регулирањето на циклусот и подобрувањето на оваријалната функција и тоа е особено значајно за жени со полицистични јајници (PCOS), инсулинска резистенција или при подготовка за асистирани репродуктивни технологии.
МАШКО ЗДРАВЈЕ
Кај мажите, бројот, подвижноста и морфологијата на сперматозоидите се директен показател за плодност. Нутритивните состојки како L-карнитин, таурин, цинк, селен, коензим Q10 и фолна киселина можат да помогнат во подобрување на виталноста на сперматозоидите, заштита на нивната ДНК од оксидативен стрес и поддршка на нормалната сперматогенеза.
СУПЛЕМЕНТИТЕ КАКО ПОДДРШКА
Иако здрава исхрана е основа за репродуктивното здравје, често е тешко преку храната да се внесат доволни количини од сите потребни витамини, минерали и антиоксиданси. Затоа суплементарната поддршка е важен сојузник – особено во период на подготовка за бременост или кај двојки кои веќе подолго се соочуваат со предизвици.
Секое патување кон родителството е уникатно и исполнето со надеж, трпение и љубов. Грижата за репродуктивното здравје, навремената консултација со лекар и дополнителната нутритивна поддршка можат да бидат чекор поблиску до сонот за нов живот.
Пишува
М-р фармацевт – Симона Стоименовска
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци