Илија Жежов
физиотерапевт
Центар за масажа и одржување на тело
ФИЗИОТЕРАПЕВТ - ЗДРАВЈЕ
|
Мозочниот удар клинички се манифестира со одземеност на одделни делови на телото, со нарушување на говорот, испад на видовите сетила, пречки во координација на движењата и одот или разни психички испади и растројство на свеста, а во скоро 30 % од случаите доаѓа до смрт. Од физиотерапевтски аспект проследено со факти, пациентите што преживеале мозочен удар имаат втора шанса за живот.
По процентот на смртност мозочниот удар се наоѓа на трето место, веднаш после болестите на срцето и карциномот. Последиците од мозочниот удар ја прават најголемата и најтешката група на инвалидност, доколку мозочниот удар се запостави без физикална терапија лицата кои го доживеале најчесто за задоволување на основните животни потреби остануваат зависни од своето семејство.
Постојат два вида на мозочен удар и тоа:
ИСХЕМИСКИ И ХЕМОРАГИЧЕН – со крвавење
При исхемиски мозочен удар, дотокот на крв во одреден дел на мозокот е намален или прекинат, што доведува до дисфункција на мозочното ткиво во зафатеното подрачје. Постојат четири причини кои додедуваат за тоа да се случи: тромбоза, емболија системска хипоперфузија и венска тромбоза. Причина за исхемискиот мозочен удар е запушување на некој од артериските крвни садови на мозокот, најчесто поради артеросклероза или крвно згрутчување кое потекнува од изменета каротидна артерија. Како последица дел од мозокот останува без снабдување со крв која носи кислород, што доведува до смрт на мозочните клетки чии последици се невролошки дефекти или смртен исход.
Кај
ХЕМОРАГИЧЕН МОЗОЧЕН УДАР доаѓа до излевање на крв во внатрешноста на черепот или во мозочното ткиво, со тешка клиничка слика поради притисок на мозочното ткиво, оток на околното мозочно ткиво. До крвавење може да дојде и од некоја од поситните артериски гранки, ненормална комуникација меѓу артериите и вените, артерио-венска малформација или абнормално проширување на артериски крвен сад интракранијална аневризма. Резултат на пукањето-руптурата е интракранијално крвавење кое клинички се манифестира со исклучително силна главоболка која може, но не мора, да биде проследена со мачнина, повраќање, вкочанетост на вратот и невролошки промени.
Знаците на предупредување за мозочен удар:
- слабост или парализа на лицето, раката и ногата,
- лоша координација или рамнотежа,
- тешкотии во зборување или разбирање,
- потешкотии при голтање,
- проблеми со видот, заматен вид, дупло гледање или губење на видот,
- здрвеност или губење на чувството по едната стана на телото.
НАПОМЕНА:
Мозочниот удар претставува итен медицински случај без разлика какви и да се знаците веднаш треба да се повика итна медицинска брза помош.
РЕХАБИЛИТАЦИЈА, ПЛАН И ПРОГРАМА НА ФИЗИОТЕРАПИЈА СО ФИЗИОТЕРАПЕВТ
Третирањето со физиотерапија започнува со физиотерапевтски преглед на пациентот и увид во медицинската документација за невролошките испитувања, заклучоци и мислења.
Физиотерапевтот по прегледот на пациентот констатира состојба и за неа подготвува соодветен протокол со програма.
Рехабилитацијата може да трае 21 ден со плус 10-15 третмани, а некаде и подолго дури и до 2, 3, 6 месеци и 1 година во зависност од степенот на висината на ударот.
Семејството и пациентот се подготвуваат преку советодавно мислење, како и запознавање со методите за работа што ќе бидат применети за рехабилитација на пациентот.
Физиотерапевтот работи во унапредување и враќање на состојбата на пациентот со следните методи во имплементирање и тоа: главна цел во рехабилитацијата има кинезитерапијата, индивидуални вежби со физиотерапевт, мануелната медицинска масажа има за цел да ги зацврсти, релаксира и ја врати силата на мускулатурата, како и да придонесе за големо раздвижување на циркулацијата. Во текот на рехабилитацијата се применува работна терапија, обука за стабилизација на рамнотежата на пациентот, како и подготовки за обука на одење.
Рехабилитацискиот процес има за цел да ја врати, да ја оспособи и да ја нормализира состојбата на пациентот.
Програмата и рехабилитацијата се одвиваат временски, додека физиотерапевтот не даде заклучно мислење дека резулататите со нив се постигнати во целост.
По завршувањето на целосната физикална терапија со физиотерапевт, физиотерапевтот има за цел на пациентот да му ординира посебен режим на живот, да ја зголеми активноста со пешачење, вежби во домашни услови, чести совети и консултации со невролог и физиотерапевт.
За детално читање на овој текст, погледнете на 14 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2021).