Фармацевти
Контакт

<< Назад

Рецепти за свежи напитоци

јуни 1, 2020

|



Шарен коктел

Како најпрепорачани плодови од страна на експертите, мангото и кивито имаат содржина богата со антиоксиданти. Коктелите направени токму од овие плодови не само што ќе бидат превкусни и освежителни, туку ќе направат одличен баланс во вашиот организам.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Малинките пасирајте ги и ставете ги на дното од чашата. Ситно исечканото манго испасирајте го, потоа додадете ги водата, ванилиниот шеќер, сокот од лимон и измешајте. Добиената течност ставете ја врз претходно подготвените малинки. Во најгорниот дел од чашата додадете го и кивито кое  претходно треба да биде испасирано. Декорирајте во свој стил.

Лимонада со рузмарин

Лимонадата богата со витамин Ц, зачинете ја со рузмарин

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Сварете го сокот од лимон со додавање на шеќерот. Постепено додадете ја липата и рузмаринот. Добиената течност оставете ја да се излади или, пак, да отстои една ноќ. Утредента додадете ја минералната вода, со што ќе имате одличен освежувачки напиток.

Свежа вишна

Со својата антиоксидантна моќ, црешата треба да биде ваш омилен плод и ова лето. Од друга страна, калинката покрај тоа што го заштитува телото, е  одлична  за балансирање на холестеролот и шеќерот.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Измешајте ги сокот од калинка и сокот од вишна, потоа додадете ја минералната вода. За посвеж мирис, може да декорирате со гранче нане и ставете неколку коцки мраз.

Комбинацијата на манго и банана ќе ви даде енергија

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки откако ќе ги поминете низ блендер и сервирајте откако ќе се излади. Доколку сакате, може да декорирате со неколку боровинки.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>