Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања

септември 1, 2022


Др. Еленчо Ридов
Кардиолог


Кардиоваскуларните заболувања денес се најчестите заболувања ширум целиот свет и водечка причи- на за смрт. Најчеста причина кај возрасната популација се исхемичните заболувања, односно недоволна исхрана на ткивата со крв, како резултат на запушување на крвните садови со атеросклеротични промени на ѕидот на крвниот сад кои го намалуваат луменот на крвниот сад, а со тоа и протокот на крвта, се до негово комплетно зачепување. Атеросклерозата претставува основен патофизиолошки процес на sидовите на крвните садови кој започнува уште од најраната возраст.

Холестеролот, поточно т.н.” лош холестрол” или ЛДЛ, се таложи на ѕидовите на артериите, предизвикува воспаление на внатрешниот дел на крвниот сад и формира т.н. атеросклеротска плака, која постепено расте и го опструира крвниот сад.

Процесот е дуфузен, ги зафаќа сите артерии но најмногу прави проблеми кај потенките артерии како што се артериите кои го исхрануваат срцето, кога зборуваме за коронарна срцева болест. Во зависнот од процентот на стеснување на коронарниот крвен сад, обично над 70%, кај пациентот се јавува т.н. “ангина пекторис” а доколку дојде до комплетно зачепување, појава на акутен миокарден инфаркт. Доколку бидат зафатени артериите кој го исхрануваат мозокот, доаѓа до појава на исхемичен мозочен инсулт, односно мозочен удар.

Ризик фактори кои предизвикуваат атеросклероза се поделени на не модифицирачки каде спаѓаат: возраст, пол, генетски нарушувањa, на кои неможеме да влијаеме и модифицирачки на кои со промена на навиките и животниот стил или со помош на лекови можеме да влијаеме.

Во модифицирачки ризик фактори спаѓаат 4 главни: хиперлипидемија односно покачени вредности на мaсти во крвта; хипертензија, односно покачен крвен притисок; дијабетес мелитус односно покачено ниво на шеќер во крвта; пушење цигари. Лошите животни навики како седентарниот начин на живот, недоволна физичка активност, постојана изложеност на стрес, прекумерна амбициозност и притисок на работното место, недоволен сон, јадење на “брза храна”, прекумерна телесна тежина, зголемен внес на сол, прекумерно консумирање на алкохол, употреба на наркотици се дополнителни ризик фактори кои доведуваат до забрзан процес на атеросклероза и појава на кардиоваскуларни заболувања кај се помлада популација, за жал дури и во третата декада од животот.

Голем број на студии покажуваат дека корекцијата на модифицирачките ризик фактори го намалува и успорува процесот на атеросклероза, а со тоа и го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

Хиперлипидемија: Мерење на вредностите на холестеролот особено ЛДЛ и ХДЛ холестеролот како и триглицеридите се битни лабараториски анализи кои редовно треба да се изработуваат кај пациенти во превентивни и редовни прегледи. Доколку има покачување на вредностите во консултација со лекарот кој го лекува пациентот, матичниот или по потреба консултиран специјалист, треба да се превземат мерки за постигнување на препорачаните целни вредности на холестеролот кај пациентот, врз основа на препораки на медицина базирана на докази.

Кај сите пациенти со покачени вредности на холестерол се советува диета која во основа содржи помал внес на храна која содржи заситени масти како: месо особено свинско и јагнешко, сувомеснати производи, пржена храна, жолчки од јајце, полномасни сирења, млеко со висока концентрација на масти, слатки кои содржат голема концентрација на шеќер.

Се советува консумирање на храна богата со омега 3 масни киселини како што е морската риба приготвена со печење или варење, 2-3 пати во неделата. Се препорачува внес на голема количина на свеж зеленчук и умерена количина на свежо овошје, како и умерена количина на непреработени јаткасти плодови. Исхрана богата со целулозни влакна присутни во мешункаст зеленчук како грашок, грав и боранија ствараат ситост, нискокалорични се, а истовремено ја подобруваат дигестијата и чистењето на цревата од токсични материи. Доклку пациентот сака да пие алкохол се препорачува внес на 1-2 единици на алкохол за 24 часа кај мажи или една единица кај жени.

Најдобра препорачана диета “е медитеранска диета”. Кај лицата со прекумерна телесна тежина се советува намалување на количина на внес на храна и постепено слабеење (2-3 кг месечно) до вредности предвидени според BMI.

Кај сите пациенти се препорачува редовна физичка активност и менување на животниот стил.

Се препорачува физичка активност како пешачење, возење велосипед, спортување најмалку 5 пати во неделата во траење од 50-60 мин. Се советува одење пеш до работното место и назад, качување по скали наместо со лифт, користење на слободното време за прошетки во природа.

Доколку промената на животниот стил и начинот на исхрана не дадат резултати во период до 3 месеци во консултација со доктор треба да се пристапи кон земање на лекови за корекција на мастите, лекување кое обично е долготрајно и никогаш не треба да биде прекинато без консулатација со докторот кој го индицирал. Земањето на лекови не ја исклучува диетата и промената на животниот стил!

Хипертензија: покачениот крвен притисок е се почеста и кај младата популација а во голем процент присутна кај луѓе во средна и особено во постара возраст. За хипертензија зборуваме кога вредностите на крвниот притисок во мир се над 140 /90 мм. живин столб. Мерењето на крвниот притисок треба да биде задолжителен преглед при посета на лекар.

Во денешни услови достапни се т.н самомерачи односно електронски мерачи на крвниот притисок кои се едноставни за ракување во домашни услови. Доколку се постави дијагноза на хипертензија кај сите пациенти се советува редукција на сол и маснотии во исхраната.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>