Д-р Мартин Мојсоски
|
Медицината, креативноста и уметноста одлучив да ги соединам и да ги доведам на едно повисоко ниво.
Себеси се сметам за лекар заљубен во уметноста, но и за уметник со огромна страст кон медицината.
Токму преку естетската медицина на моите пациенти можам да им пренесам дел од мојата уметност, да им подарам среќа, задоволство и насмевка!
Прекрасно е да се работи на начин на кој можеш да подариш среќа!
Работам со апликација на дермални филери и ботокс на целото лице:
- контурирање, волуметризација и обликување на јаболчници, вилична коска и брада; корекција на нос, назо-лабијални линии, подочници.
Сите набројани третмани ги работам со специфична руска техника, многу поинаква од класичната „западна“ техника, која се применува на нашите простори.
Како омилен и најфреквентен третман на моите пациенти ќе го издвојам третманот за корекција, односно зголемување усни.
Она што ги прави моите изработки поинакви е тоа што користам техника која лично ја развив и ја креирав врз основната руска техника за моделирање усни.
Техниката ја именував
Еdge-verge lip technique. Претставува мој личен потпис, спој на повеќе техники и вештини на аплицирање на филерот, кој дава уникатност и препознатливост на усните кои ги изработувам.
Со
Edge-verge lip technique се постигнува целосна реконструкција на „вертикалната анатомија“ на усните – се конструира и се моделира нова форма на усни.
Целта е да се постигне подигање и отворање на плоштината на горната усна, истакнување на врвовите, а, сепак, со рамен и плоснат изглед странично.
Филерот во долната усна се аплицира со цел да ја отвори усната кон надолу, а воедно да биде во симетрија и пропорција со горната усна.
Оваа техника дава најпосакувани резултати кај усни кои претходно немаат апликација на филер, но и кај усни со мала количина на филер.
Overfilled усни не се препорачливи за третман, без претходно разградување на филерот.
Комплетната рехабилитација на усните трае од 2 до 3 недели.
Најчесто, потребна количина за постигнување посакуван и оптимален ефект на еден третман е 1 мл, но количината може да е варијабилна кај секој пациент.
Времетраењето на процедурата е 30-40 минути.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).