Фармацевти
Контакт

<< Назад

Свесност за аутизмот

април 1, 2022

Татјана Багеска
дефектолог

|

април2022

Секој 2 април се одбележува Денот на лицата со аутизам, но тоа не значи дека за оваа состојба треба да зборуваме само тој ден, би требало да имаме слух за тоа секојдневно и да ја подигнуваме колективната свест за потребите и проблемите со кои лицата со аутизам и нивните родители постојано се соочуваат.

АУТИЗМОТ претставува тешко невроразвојно нарушување. Кога детето има потешкотии во социјалното функционирање и интеракцијата со други луѓе, неразвивање на говор и нарушување во комуникацијата,  како и необично однесување со ограничени интереси за вообичаените врснички активности, можеме да се посомневаме дека станува збор за аутизам.

Знаците и симптомите на ова нарушување може да бидат манифестирани во различен степен и облик кај различни деца, а постојат и различни причинители,  исто така, познати како спектар на аутистични нарушувања (низа невроразвојни нарушувања).

Како настанува аутизмот?

Познато е дека аутизмот почесто се сретнува кај момчињата отколку кај девојчињата. Јасната причина за неговата појава сè уште е неразјаснета. Меѓутоа, тоа што се знае е дека во прашање се група на сродни пореметувања со многу различни причинители. Се работи за мултифакторијално, комплексно нарушување со фактори ризични од опкружувањето. Специфичен ген/гени сè уште не се потврдени.

Како и кога родителот може да ги уочи симптомите?

Аутизмот се јавува рано и родителите веќе во текот на првата година можат да забележат некои симптоми и знаци. Честопати тие се загрижени ако говорот кај нивните деца не е развиен во потполност или ако детето сè уште не ги прозборело првите зборови, а веќе е време за нив. Стручните работници велат дека загрижувачки е дури тогаш ако детето не ги кажува првите зборови до својата трета година.

Постојат некои рани „знаци за алармирање“ на кои родителите треба да обратат внимание:

• Бебето не гуга и не гестикулира на возраст од 12 месеци,
• Не изговара ниту еден збор смислено, на возраст од 16 месеци,
• Не користи фрази од два збора смислено, на возраст од 2 години,
• Не се одзива на своето име до крајот на првата година,
• Престанок или губење на говорот на  која било возраст,
• На мајката ѝ се чини дека детето не го препознава нејзиниот глас на возраст од 6 месеци па натаму,
• Детето не разменува  вокализација со родителите по 6 месец,
• Детето не воспоставува контакт со очи,
• Детето не се смее, или
• Детето изгледа отсутно и како да не ве слуша што му зборувате.

Кај некои деца овие симптоми се сосема благи и незабележливи во текот на првата година, но се јавуваат некои задоцнети знаци на кои родителите, исто така, треба да посветат посебно внимание:

Како се дијагностицира?

Денес не постои специфичен медицински тест за откривање на дијагноза аутизам. Дијагностицирањето се заснова на опсервирање на детското однесување во одредени ситуации, психолошко тестирање и проценка на развојот, педијатриски, невролошки и дефектолошки преглед со примена на структуирани интервјуа со родителите. Тимот за дијагноза на ова нарушување го сочинуваат детски психијатар, педијатар, невролог, психолог и дефектолог/логопед.

Какво е значењето на раното откривање?

Раното вклучување на детето во интензивни третмани покажува значајно подобрување на социјалните и академските исходи во подоцниот период од животот.

Како се третира?

Се работи на систематизиран начин кој вклучува специјална едукација на академски вештини, тренинг на социјални вештини, дефектолошки и логопедски третмани насочени на говорот и јазикот, и третирање на придружните психолошки, невролошки и педијатриски попречености.

Дали и каде треба родителите да се обратат доколку нивното дете има проблем?

Многу често се случува да поминат и неколку години, а родителите сè уште да лутаат по одговорот. Најпрво би ги охрабрила и би ги упатила во Заводот за ментално здравје или во некој од центрите кои имаат стручен тим за правилна проценка. Првите години се исклучително важни за раното дијагностицирање и спроведување на третмани, како и давањето поддршка. Кога ќе се пропушти раната интервенција, потребно е 4 пати повеќе време за стимулација на развој во основно училиште, отколку што е потребно кај дете на претшколска возраст.

За детално читање на овој текст, погледнете на 4-5 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>