Ринитисот е состојба која влијае на квалитетот на животот на многу луѓе. Постои алергиски и вазомоторен или неалергиски ринитис.
Алергијата представува преосетливост на имуниот систем на луѓето на некои надворешни влијанија, кога доаѓа во контакт со алергенот преку кожата, воздухот или храната.
Сезонскиот алергиски ринит опфаќа во светски рамки околу 20% од сите алергиски реакции.
Најчести причинители на сезонскиот алергиски ринит се-полен од дрвја, полен од трева, полен од плевел, алергени од мувлата итн. Се јавува во различни периоди во годината, во зависност од причинителот.
Алергискиот ринитис е воспалување на носната слузница , кои многу наликуваат на настинка која подолго трае, течење на нос, гребење на грлото, кивавица, чешање на нос, солзење од очите. Симптомите се јавуваат периодично и многу е важно нивно навремено препознавање и терапија, бидејќи дел од овие пациенти би развиле астма или би им се влошиле симптомите на веќе постоечка астма во подоцнежниот период.
Терапијата е со лекови од групите антихистаминици, деконгестиви, назални кортикостероиди, антихолинергици, блокатори на леукотриени, имунотерапија или еден вид вакцина против познатиот причинител итн. Најважно од се е препознавање и детекција на причинителот со алерготестови, за одбегнување на алергенот, доколку е можно или да не се престојува на отворено во природа, каде е присутен алергенот на кој се алергични. Доколку се престојувало во природа, препорачуваме туширање и промена на облеката.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци