Фармацевти
Контакт

<< Назад

Сенилна макуларна дегенерација – како навреме да се спречи?

септември 1, 2023



Сенилната макуларна дегенарација претставува трета по ред причина за слепило во светот (8.7%) по катаракта (47.9%) и глауком (12.3%). Сенилната макуларна дегенерација е тип на дегенерација на ретината во регијата на жолтата точка, која се јавува во возраст над 50 години.

Болеста е прогресивна, хронична и почнува најчесто без симптоми. На редовен офталмолошки преглед со ширење зеници се откриваат почетни промени во макулата кои се опишуваат како друзи. Понатаму, тие можат да се зголемат, да се спојат ( конфулентни) и да доведат до атрофија на дел од ретиналните слоеви.

Таквата форма на сенилна макуларна дегенерација се вика сува форма и карактеристично завршува со големи зони на географска атрофија (атрофичните промени се опишуваат како географска карта). Резултира со губење на видот во средишниот дел на видното поле така што отежнува и оневозможува читање и препознавање лица, иако останатиот периферен вид омозможува друг секојдневни активности.

Причините поради кои може да настане ова заболување може да бидат различни. На пример, ако е присутна како фамилијарна болест, постои голема веројатност дека во некоја од следните генерации би се појавила истата болест. Исто така, значителна улога играат и факторите од околината кои може да влијаат за појава на сенилна макуларна дегенерација, пушење (двојно го зголемува ризикот), покачен крвен притисок, покачен холестерол, слаба физичка активност, лоша исхрана итн.

Еден од поважните фактори е УВ-светлината, затоа се препорачува во текот на целата година да се носат очила со УВ-заштита, задолжително во лето. Во моментов не постои ниту еден делотворен начин на лекување на сува макуларна дегенерација, но постои начин да се забави нејзината прогресија, со помош на витамински комплекси (витамин А, Е, Ц) со висока концентрација на антиоксидансот лутеин и зеаксантин, кои докажано го забавуваат напредувањето на сува сенилна дегенерација на макулата, како и нејзино преминување во влажна. Правилната исхрана исто така значително може да влијае во превенција на сенилна макуларна дегенерација.
Внесување на повеќе зелен лиснат зеленчук и риба може да помогне да се зачува видот. Поновите формулации на препарати за превенција на сенилна макуларна дегенерација во својот состав содржат и цинк и омега -3 масни киселни (EPА и DHA) кои значително придонесуваат за подобрување на видот во концентрации над 250 мг. DHA е омега 3 масна киселина која е доста застапена во ретината на окото (1/3 од сите масни киселини).

Ретината, поточно жолтата точка е богата со каратеноидни пигменти, како што се зеаксантин и лутеин, кои ја даваат жолтеникавата боја на изглед, па затоа внесување препарати со зеаксентин и лутеин има совршена смисла кај пациенти кои имаат проблеми со овој дел од окото.

Притоа кога бирате препарат за превенција на сенилна макуларна дегенерација мора да обрнете внимание и на чистота на препаратот и потеклото на суровините, како и да биде комбинација која е богата со сите потребни витамини и масни киселини.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>