Црниот дроб е меѓу најбитните органи во телото и орган коj извршува
над 500 значајни функции. Меѓу многуте функции, тој ги обработува хранливите материи од храната и пијалаците и ги филтрира потенцијално токсичните супстанции од крвта кои сме ги внеле преку храната или на друг начин.Моментално, не постојат медикаменти со соодветно медицинско одобрение, односно нема лекови за директно третирање на замастениот црн дроб. Потребни се повеќе истражувања во областа за да се развијат соодветни лекови.Според многу студии, природни состојки како силимаринот и артичоката можат да помогнат во третманот на замастен црн дроб.
Магарешки трн или како што е уште познат и под името Млечен трн. За највредните состојки содржани во магарешкиот трн се смета флавоноидниот комплекс, познат накратко како
силимарин. Постојат голем број на истражувања каде што научниците гледаат на
силимаринот како на супстанција која е потенцијален антиоксидант во хепатоцитите (клетките на црниот дроб) и на тој начин да ги штити од оштетување. Силимарин го зголемува нивото на глутатион во црниот дроб, а глутатинот е најважниот антиоксиданс за заштита на црниот дроб.
Артичока (
Cynara scolimud)—хранлива билка од фамилијата
Главоцветни. Артичоките потекнуваат од
Средоземјето и како растение се одгледува за прехрана и во медицински цели, а од сушените листови и делови од стеблото се прави чај.Ова растение е член на трнливо млечно семејство кое го регулира нивото на шеќер во крвта, влакнест и зелен зеленчук кој во себе го содржи синаринот.Артичоките, како и екстрактот од листовите и стеблото на артичоката, се препорачувале за здравје на црниот дроб.Според многу истражувања, тие се моќни заштитници кои ги намалуваат крвните липиди во телото, како холестеролот. Цинаринот и силимаринот – фитонутриенти кои ги има артичоката го даваат силниот и позитивен ефект за здравјето на црниот дроб. Артичоката делува холеретично односно преку зголемено лачење на жолчка, црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини и го намалува покачениот холестерол.
Накратко,комбинацијата од Силимарин и Артичока е наменета за одржување на добро здравје на црниот дроб. Освен тоа се применува и при нарушување на функцијата на црниот дроб кај следниве болести и состојби:
- хроничен хепатис Б и Ц (воспаление на црниот дроб)
-оштетување на црниот дроб поради внесување на алкохолни пијалаци во организмот
-цироза на црн дроб
Капсулите со Силимарин Артичока особено се препорачуваат за мажи и постари лица.
Мр.Фарм Горан Ристовски