Фармацевти
Контакт

<< Назад

Синдром на иритабилен колон (нервозно дебело црево, IBS – Irriable bowel syndrom)

август 1, 2024

Синдромот на иритабилно (нервозно) дебело црево или колон (IBS – Irriтable bowel syndrom) е нарушување што ги погодува желудникот и цревата, исто така наречени гастроинтестинален тракт. Симптомите вклучуваат грчеви, абдоминална болка, надуеност, гасови и дијареа или опстипација, а често и повеќе од наведените симптоми. IBS е хронична состојба со која ќе треба да управувате долгорочно. Меѓутоа, поставување на дијагнозата исто така не е лесно, може да трае со години и претставува големо психичко оптоварување за пациентите и нивните семејства.

Синдромот на иритабилен колон не предизвикува промени во ткивото на дебелото црево ниту го зголемува ризикот од колоректален карцином, но при поставување на дијагнозата треба овие болести треба да се исклучат и да постојат најмалку 3 месеци постојани тегоби за да може да се дијагносицира овој синдром.

Некои луѓе можат да ги контролираат своите симптоми со управување со исхраната, начинот на живот и стресот. Исхраната според FODMAP честопати доведува до значително подобрување на состојбата (акронимот FODMAP е англиска кратенка за ферментирачки олиго-, ди-, моносахариди и полиоли). Се однесува на група јаглени хидрати и шеќерни алкохоли кои се наоѓаат во многу видови храна и слабо се апсорбираат во тенкото црево. Оваа група вклучува фруктоза (моносахарид), лактоза (дисахарид), фруктани, галактоолигосахариди (олигосахариди) и сорбитол, како и манитол (полиоли).

Во една клиничка студија објавена во 2010 година е пријавен позитивен ефект на диета со ниска FODMAP врз симптомите на функционални цревни заболувања, на пример синдром на иритабилен колон, при што исто така се препорачува за олеснување на симптомите кај возрасни при оваа состојба. Потешките симптоми може да се третираат со лекови и советување.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>