Синузитис претставува воспаление на слузницата на параназалните синуси. Овие инфекции се јавуваат најчесто заедно со инфекции на носните простори ринити и затоа често се користи терминот риносинузити.
Синусите претставуваат неколку парни воздушести простори сместени во просторот на главата. Според локализацијата се делат на: максиларни /вилични, фронтални / челни, етмоидални / на коренот на носот меѓу очите, сфеноидални / зад носот во средината на главата.
Синусите преку своите отвори се во комуникација со носните простори во кои се дренира нивната содржина.
Најчести причинители на синузити се:
бактерии – Streptococcus pneumoniae, Haemophylus influenzae, Moraxella catarrhalis
вируси – риновируси, аденовируси, вируси на инфлуенца и параинфлуенца, респираторни синцицијални вируси
фунги/габи – најчесто кај дијабетичари и имунодефицитарни пациенти
Симптоматологија
Според тежината на симптомите кои се јавуваат при воспалението на синусите тие се делат на мајорни и минорни.
Мајорни: лицева болка или чувство на притисок; носна опструкција/затнатост на носот; секреција од носот/ во почетокот бистра, а потоа погуста жолтозеленикава или чувство на слевање секрет во грлото; намален или изгубен осет за мирис / хипосмија или аносмија; покачена телесна температура.
Во минорните сиптоми доминираат: замор, изнемоштеност; болка во забите, ушите; главоболка; кашлица; непријатен мирис од устата.
Имајки ги предвид симптомите, а со цел за поставување правилна дијагноза, потребни се најмалку еден мајорен и два минорни симптома или два мајорни симптома.
Локализацијата на болката може да ни посочи кон афекцијата на пооделни синуси:
кај максиларните синузити – болка под очите, болки во забалото, главоболка
кај фронталните синузити – болка во челото (над очите)
кај етмоидалните синузити – болка меѓу очите (на коренот на носот)
кај сфеноидалните синузити – болка во задниот или средишниот дел на главата
Дефинирањето на овие симптоми е често отежнато поради истовремено ширење на инфекцијата кон повеќе синусни простори.
Според временскиот период на траење на тегобите, синузитите можат да се јават во неколку форми:
акутен синузит – најчесто почнува со симптоми на настинка и трае најмногу 2-4 недели
субакутен синузит – симптомите перзистираат 4-12 недели
хроничен синузит – трае повеќе од 12 недели
рекурентен /повторувачки/ синузит
Дијагнозата кај синузитите се поставува врз основа на:
детална анамнеза
комлетен оториноларинголошки преглед
флексибилна/фиберназофарингоскопија – за разлика од ригидната ендоскопија, оваа дијагностичка метода овозможува многу попрецизна евалуација на носните простори. Таа ни дава податоци во однос на промените на носната лигавица /пребоеност, оток, хипертрофија/, деформитет/девијација на носната преграда, присуство на секрет и локализација, проценка на третиот крајник кај децата, носни полипи и други состојби што се важни во проценката на синусните инфекции.
Терапија
Кортикостероиди
Антибиотик по Аб.
Локалнo деконгестиви како ксилометазолин (најдобро со хијалуронска киселина, којашто нема да дозволи сушење на назалната слузница), предивикуваат брза вазоконстрикција. Краткотрајната употреба ја намалува назалната опструкција и овозможува подобра дренажа.
Пишува
Драгица Спасова, д-р по семејна медицина
Град: Струмица, Ординација: ПЗУ „Триводали“
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци