Фармацевти
Контакт

<< Назад

Смелиот пат на Њујоршкиот осаменик – Моби

мај 2, 2023



Пишува: Александар Василевски
Историчар на уметност / Филмолог

Како што обично бива, најдоброто доаѓа на крај, а тоа не беше исклучок и со последната проекција за музичкиот вундеркид насловен МОБИ ДОК што беше круна на филмскиот фестивал на музички филмови „Скопје синема сити“.

Во фестивалските денови беа прикажани филмовите за опскурниот свет на Ник Кејв, потценетиот славеј од Њупорт, Ела Фицџералд, македонските легенди на панк рокот „Бадминтонс“, а не беа изоставени ниту битолските бонвивани „Фолтин“, како и кумановските рокери „Хип“.

Но, сепак овој мој осврт ќе го насочам кон музичката ѕвезда Моби и документарниот филм за него. Моби потекнува од скромно семејство, а од рано детство се соочува со родителска алиенација од страна на татка си кој да- леку повеќе наоѓа сатисфакција во галонските излети со чашката отколку во пружањето љубов кон својот син и сопругата.

Така меѓусебните расправии стануваат секојдневна реалност.

Не можејќи да се справи со одговорноста како родител, една вечер, тотално одземен, се одлучува на кукавички потег и со огромна брзина со својата кола се втурнува во амбис, оставајќи ја својата 23 годишна сопруга вдовица.

Во вителот на осаменоста, Моби среќата ја пронаоѓа во љубовта кон животните и како што спомнува во неколку случаи животните се тие што не можат да го изневерат човекот за разлика од луѓето кои не само што го изневеруваат, туку и разочаруваат.
Во средношколските денови Моби се соочува со демонските кошмари на дрогата и има шестмесечен постраумаутски синдром и не можејќи да се справи со флешовите од триповите што ги има се испишува од училиште и седи дома под закрила на својата мајка која будно ги лекува неговите (живи) рани.

Втората љубов која го враќа во живот е музиката каде што пронаоѓа инспирација и творечка моќ под влијание на панк рокот и бендовите како „Клеш“, „Блек флег“, „Стуџис“, „Мисфитс“…
Се одлучува на смел, радикален потег, и напуштена фабрика ја претвора во музичка работилница и ја користи за создавање музика, а набрзо излегува од таа анонимна адреса благодарејќи на ангаж- манот како диџеј во елитната дискотека Марс. Вложениот труд носи успех, па така почнува и неговата соработка со музичкиот корифеј Дејвид Боуви, која го надмнува професионалното (би ја издвоил сцената кога Моби се јавува во живо на концерт на Боуви) и преоѓа во приватно дружење составено од роденденски забави, ручеци и меѓусебни посети на концерти.

Од друга страна пак, мислам дека Моби, Боуви го сметал за свој татко бидејќи претходно не го имал тоа чувство за својот биолошки татко.

Потоа следува период на опијати, кога денот станува ноќ, а хедонистичките задоволства комбинирани со кокаин и познати плејбој убавици и стриптизети го достигнуваат максимумот.

Заради мноштвото информации кои беа застапени во филмот безмалку ќе ја изумев значајната сцена во која режисерот Дејвид Линч со голем ентузијастички восхит ја глорифицира неговата музика, додека пак Моби му возвраќа со иста мера така што насловната тема од ТВИН ПИКС ја зема како лајт мотив за една од своите песни.
Во текот на годините музиката на Моби станува синоним за добра музика а доказ за тоа се неговите учества на значајни музичкo-фестивалски фиести како „Примавера“, „Егзит“, „Мејдеј“ и многу други каде публиката му возвраќа со френетични аплаузи и овации и своевиден љубовен занес.

Во една од завршните сцени Моби е искачен на еден карпест врв, кој ја претставува неговата победа над сите агонии и трауми за време на неговиот бурен животен пат, а нам не ни преостанува ништо друго туку да продолжиме да очекуваме нови музички ремек-дела, зашто, како што вели Моби, тоа е нашиот сон.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>