Фармацевти
Контакт

<< Назад

СОВРЕМЕНА ЕНДОДОНЦИЈА СО УПОТРЕБА НА МИКРОСКОП

октомври 1, 2023



Пишува: Др. Ана Смилевска - Специјализиран доктор од областа на микроскопска ендодонција

Редовните стоматолошки прегледи и правилната орална хигиена се најдобар начин за одржување на здрава усна шуплина. Кај ненавремено третирани кариозни лезии кои предизвикуваат воспаление и оштетување на пулпата на забот проследени со болка се јавува потреба за лекување на истите.

Длабоки кариеси, јаки пулпитчни пулсирачки болки, воспалителни процеси во коската под коренот на забот, болка на забот предизвикана од траума, големи пломби поставени директно на нервот на забот или нивно често менување, стари несоодветни полнења, скршени инструменти во каналите на забите и слично се најчеста причина за потреба од ендодонтски третман на забите. Ендодонтскиот третман може да се изведе со класична рачна метода и на современ начин со машинска обработка на каналите и употреба на микроскоп.

Со класичниот метод многу често кога се работи во тесни и криви коренски канали, заради нефлексибилноста на инструментите каналите остануваат недоволно проширени и обработени.

Во тој необработен дел од коренскиот канал бактериите имаат најдобри услови за размножување и инфекцијата може да се прошири во коската на врвот на забот со што настануваат воспалителни процеси кои го оштетуваат коскеното ткиво околу забот и можат да бидат причина за појава на болка но и разни инфекции во целиот организам (фокалози).

Доколку навреме не се третираат последица би било вадење на забот. Следејки ги новите трендови во стоматологијата, ја унапредивме работата со употреба на дентален микроскоп.

Микроскопот има значајна улога во секојдневната стоматолошка пракса, а особено при ендодонтската терапија на забите.
Ова е од особена важност бидејќи со золемување на работното поле се овозможува прецизно детектирање на коренските канали, а нивното успешно третирање води кон долготрајно зачувување на забот во усната празнина.
Употребата на микроскоп го подигнува степенот на квалитет на работата.
За разлика од класичниот, ”рачен’’ метод на лекување на забите, со помош на микроскопот успеваме да ги детектираме оние канали кои со голо око се невидливи.
• Механичка обработка на тесни, криви и непроодни канали до врвот на коренот, со употреба на флексибилни машински проширувачи
• Употреба на апекс локатор со кој прецизно се мери должината на коренскиот канал.
На тој начин сме сигурни дека каналот е целосно обработен и соодветно наполнет.
• Работа во асептична средина со употреба на кофердам и изолација на забот од усната празнина, при што не дозволуваме да навлезат бактерии од плунката во забот и да ни ја компромитираат работата.
• Употреба на апарат за активирање и загревање на растворите кои се користат за дезинфекција на коренските канали со што се зголемува нивната ефикасност не само во главниот канал туку и во споредните латерални каналчиња.
• Отстранување на скршени инструменти и колчиња кои се заглавени во каналите
• Репаратура на перфорации
• Визуелизација на пукнатини и фрактури невидливи со голо око
• Успешно прелекување на неадекватно третирани заби кои имаат големи процеси во коската над забот, а со тоа и долотрајно зачувување на забот.

Наша примарна цел е да ви пружиме најдобро долготрајно решение за вашите заби и целокупно здравје.

За детално читање на овој текст, погледнете на 04-05 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>