Фармацевти
Контакт

<< Назад

Со добри бактерии до здрав метаболизам и јак имунитет

јуни 1, 2024



Секој од нас посакува да има континуирано добро здравје и витко тело. Иако овој идеал е тешко да се оствари и одржи сепак клучот е во постигнување на здрав метаболизам и природен баланс на вашиот организам . Прв чекор во оваа насока е здрав животен стил кој подразбира  редовна физичка активност како и внесување на доволна количина на растителни влакна, пробиотици, витамини и минерали.

Пробиотиците се повеќе од здравствен тренд, тие се добри бактерии кои му се потребни, на нашиот организам секојдневно, за целокупното здравје и благосостојба. Пробиотиците во нашиот организам се клучни за изградба на здрава микрофлора. Здравата микрофлора не само што овозможува добар метаболизам и соодветно искористување на хранливите материи туку и спречува колонизирање на патогени бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Бројни фактори ја нарушуваат здравата микрофлора кај човекот почнувајќи од несоодветна исхрана, стрес, патувања, антибиотици, бактерии и вируси при што како последица се појавуваат стомачни тегоби од тип на: надуеност, гасови, дијареа, опстипација, повраќање, стомачна болка итн. Пробиотиците не само што помагаат да се намалат овие тегоби туку и имаат имуностимулаторен ефект преку засилување на производството имоноглобулин А  и Т лимфоцитите и на тој начин ја зголемуваат отпорноста на организмот на инфекции или го скратуваат времетраењето на истите. Благодарение на овие својства одредени типови на пробиотици се корисни и кај алергиски манифестации како астма, егзема итн.

Најчесто користени пробиотици, се различните видови од родот Bifidobacterium (нормални жители на дебелото црево) и Lactobacillus (нормални жители на цревата и вагината).  За најдобар ефект корисно е да се употребуваат комбинации од најмалку 2 типа на пробиотски бактерии во количина од минимум 1 милијарда единици. За да се осигура нивно размножување во цревата се комбинираат со пребиотици  (храна за пробиотиците) и се пакувааат во желудечно отпорна капсула.

Со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк. На овој начин се користи синергистичкиот ефект на пробиотиците и специфичните витамини и минерали и се скратува времетраењето на бројни цревни и респираторни инфекции.

Мр.Фарм Дивна Балаловска Арсовска

За детално читање на овој текст, погледнете на 18 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>