Фармацевти
Контакт

<< Назад

Среќна Здрава Нова Година!

декември 1, 2019

Празничните јадења секогаш асоцираат на калорична и разновидна храна. Доколку сте решени да ги промените своите навики, многу лесно можете да подготвите здрава трпеза која ќе биде лесна и истовремено вкусна. Ако не започнавте во понеделниците кои изминаа во минатата година, зошто да не започнете со новата календарска година?



Здрава руска салата

*Морков

*Грашок

*Семки

*Пилешко

*Пченка

*Кисели краставички

*Ореви

*Павлака

Нека зоврие грашокот, морковот и пилешкото месо, по што ќе ги додадете останатите состојки.

> нутритивните вредности зависат од количината на состојките во оваа најпозната празнична салата. Иако треба да се пази на калориите, за време на празниците, ретко кој може да одолее на Руска Салата!

Хељда салата

*Половина чаша хељда

*1 морков

*1 цвекло

*Зелка

*Неколку листови рукола

*Маслиново масло

*Лук

*Сол

*Јаболков оцет/ сок од лимон

Начин на подготовка

Хељдата се кисне од 30 минути до 1 час.

Сите состојки се рендаат/сецкаат.

Се промешува и зачинува.

Нутритивна вредност во 100гр. хељда:

Витамин Б1 0.55 мг,витамин Б2 0.1 мг, витамин Б3 4.88 мг,витамин Б6 1.23 мг,витамин П 7.1 мг, магнезиум 268 мг, калиум 565 мг, фосфор 490 мг, железо 13.1 мг, цинк 2.9 мг, бакар 0.7 мг, манган 1.6 мг

Просо салата

*1 чаша просо

*3 чаши вода

*4 ротквички

*1 краставица

*Неколку гранчиња магдонос

*Маслиново масло

*Сок од портокал

*Јаболков оцет

*Сол

*Неколку црни маслинки

Начин на подготовка

Препржете го просото во топло тенџере околу 7 минути. Мешајте додека зарумени и додадете ја водата. Ставете сол и откако ќе зоврие водата, намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и оставете да врие 20 минути. Потоа тргнете го од шпорет, оставете го поклопено 5 минути, потоа тргнете го капакот и почекајте да се олади.

Измешајте ги останатите состојки и зачинете. Почекајте 10 минути пред да послужите.

Просото е соработник за:

- Снабдување на телото со калиум кој е неопходен за срцеви заболувања

- Подобрување во функцијата на црниот дроб

- Зајакнување на целокупната добросостојба на телото

- Отстранување на отрови и токсини од телото

- Го регулира нивото на шеќер во крвта

Кифли од хељда

*250гр брашно од хељда

*Половина квасец

*170мл млако млеко

*150мл млака вода/кисела вода

*160мл масло

*1 лажичка сол

*2 лажички шеќер

Начин на подготовка

Во млако млеко ставете квасец и шеќер, почекајте да надојде.

Во вангла ставете млака вода/кисела вода и додадете го квасецот кој е активиран. Додадете ги останатите состојки и замесете. Не чекајте тестото да нарасне, туку веднаш правете кифлички.

Испечете ги кифличките во загреана рерна на 200 степени.

Колач без брашно и шеќер

*4 јајца

*2 портокали

*200гр ореви/бадеми/лешници/кокос

*Половина лажичка сода бикарбона

*100гр темно чоколадо

*200мл неутрална павлака за готвење

Начин на подготовка

Портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона, оставете ги да постојат половина час и потоа варете ги половина час додека омекнат.

Поминете ги со блендер, додадете ги јајцата и јаткастите плодови, кои претходно биле сомелени. Во мешавината додадете половина лажица сода бикарбона и печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

Додека колачот се пече, сварете ја павлаката и во неа додадете го чоколадото. Мешајте додека се стопи и прелијте го разладениот колач.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>