Фармацевти
Контакт

<< Назад

Старечкото перде е најчестата форма на катаракта, која е карактеристична за поодмината возраст

јуни 1, 2022


Д-р Дејан Ставриќ - Очна болница
European Eye Hospital - Sante Plus


Старечкото перде е најчестата форма на катаракта, која е карактеристична за поодмината возраст.
Што ја причинува?
Причините се многубројни, но во основа се работи за дегенеративни процеси (системски и окуларни), заради кои доаѓа до постепено замаглување на инаку проѕирната леќа на окото, заради што доаѓа до соодветно намалување на видот и видната острина.
Додатни здравствени фактори или коморбидитети кои придонесуваат за побрз развој или отежнување на катарактата се секако системските заболувања, како дијабетисот, хипертензијата, ревматските и автоимуни заболувања итн., состојби кои се скоро редовни кај пациентите во поодмината возраст.

Лекувањето на катарактата е исклучиво хируршко, со отстранување на катарактата со метода на факоемулзификација и замена на истата со соодветен имплант или вештачка леќа. Диоптриската вредност и моделот на имплантот или вештачката леќа која се вградува се калкулира и одредува предоперативно, индивидуално за секој пациент, односно за секое око.
Со оглед на тоа што статечкото перде се јавува во возраст кога се присутни многу системски болести, кои веќе ги споменавме, како и окуларни (глауком, макуларна дегенерација на точката на јасен вид врзана со возраст), неопходен е детален преглед и иследувања на окото, како би се утврдиле другите евентуални причини за намалувањето или оштетувањето на видот, покрај катарактата. Ова е од особена важност за да може да се спроведат и паралелни или консекутивни терапевтски или оперативни процедури, покрај операцијата на перде, како би се постигнале максимални резултати и максимална реституција на видната функција кај пациентите.

Првите симптоми на катаракт се чувство како да се гледа низ замаглено стакло и не се постигнува подобрување на видот со очила. Катарактот најчесто настанува на двете очи, но напредувањето на болеста се разликува. Понатаму, се јавува расипување на светлината (прекршување) околу изворот на светлина, промена во јаснотијата на боите, замаглен и нејасен вид, отежнато гледање при слабо светло ноќно време, честа промена на диоптријата на очилата и нејасна двојна слика на едното око.

Лекувањето на катарактот е оперативно. Операцијата треба да се планира кога катарактот ќе почне да пречи на секојдневните активности.
Операцијата на катарактот е рутинска интервенција по која видот потполно се враќа. Во текот на операцијата се отстранува природната заматена леќа и во неговата вреќичка се поставува вештачката интраокуларна леќа.
Постојат повеќе видови вештачки интраокуларни леќи, кои овозможуваат постоперативниот вид да биде што поквалитетен и леќата да ги исполни очекувањата на пациентот.
Препорака е да се прави редовен превентивен очен преглед еднаш годишно по 45-годишна возраст, особено ако постои фамилијарна предиспозиција за катаракта. Да се избегнува директно изложување на сонце и да се носат заштитни очила. Но, доколку катарактот го намалува квалитетот на секојдневниот живот, препорака е да се направи оперативен третман.

 

За детално читање на овој текст, погледнете на 4-5 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>