Фармацевти
Контакт

<< Назад

Суво око

август 1, 2021

м-р. д-р. Наум Трпеноски
ОФТАМОЛОГИЈА, ПРОМЕДИКА

|

август 2021

Синдром на суво око претставува хронична, мултифакториелна, прогресивна состојба која се манифестира како недостиг на лачење  доволно количество солзи или, пак, постојат промени во нивниот квалитет. Сето ова резултира со недоволна влажност на очите. Современиот начин на живот, кој вклучува подолга работа пред компјутер, возење автомобил, изложување на вештачки извори на светлина, носење контактни леќи, како и климатизацијата ја зголемува можноста за појава на синдромот на суво око.
Синдромот на суво око може да се појави на која било возраст, но, сепак, најчесто се среќава кај луѓето над 50-годишна возраст.

Симптомите вклучуваат чувство на пецкање, печење, чувство на песок или туѓо тело во очите. Сувото око, исто така, може да доведе до чувство на непријатност и замор поради иритација и оштетување на солзниот филм. Во зависност од степенот на суво око, симптомите можат да бидат болка (главоболки) и чувствителност на светлина.

Денес на пазарот постојат голем број на достапни вештачки солзи од различни производители и со различен состав. Пред да се земат  какви било вештачки солзи на своја рака, треба да се направи преглед кај офталмолог за да се утврди точно кој слој од солзниот филм го нема или е со намален квалитет, па со тоа ќе се утврди и точниот состав на вештачките солзи кои би можеле да помогнат во конкретниот случај. Многу често кај пациентите кај кои симптомите на суво око траат подолг период капките за суво око имаат минимален или никаков ефект во смирувањето на иритирачките симптоми. Тогаш е потребно  да се направат дополнителни испитувања кај офталмолог и во зависност од причината која доведува до појава на симптомите да се одбере и соодветен третман.

Во Промедика Офталмологија дијагнозата на суво око се утврдува со апарат LacryDiag, кој нуди брза и комплетна дијагностика на трите слоја од солзниот филм, како и одредување на процентот на загуба на Меибомовите жлезди. Целата дијагностичка постапка е брза, неконтактна и неинвазивна, а им овозможува на пациентите персонализиран доказ за нивната моментална состојба. Овој апарат овозможува голем придонес на пациентите со контактни леќи.

Лекувањето на суво око е овозможено со следните светски познати апарати кои се достапни во нашата поликлиника: Rexon-Eye, како и  Eye-Light.

Rexon-Eye претставува неинвазивен уред кој обезбедува траен третман за сите форми на синдром на суво око, работи со примена на електрични полиња со висока фреквенција и мала моќност кои имаат способност да го стимулираат метаболизмот и природната регенерација на клетките. Овој апарат ја третира причината за болеста на суво око, давајќи долгорочни резултати преку контактни електроди вградени во маска, која пациентот ја носи над затворени очи 20 минути. Самиот третман е пријатен, удобен и релаксирачки. Инструментот успешно се применува и е високо ценет ширум светот од страна на офталмолозите.

Еye-Light е револуционерно решение во третманот на суво око. На безболен начин, користејќи IPL технологија, ја стимулира работата на жлездите кои се одговорни за лачење на липидниот дел од солзниот филм. Ова доведува до стабилизирање на солзниот филм и подолго задржување на солзите на површината на окото.

Eye-Light истовремено ги третира долните и горните капаци на очите. Претставува неинвазивен третман, за кој дури и не е потребно нанесување  гел за времетраењето на самиот процес, благодарение на патентираниот и уникатен модул за ладење.
Освен за синдром на суво око, Eye-Light третманот се користи и кај пациентите по направена операција на катаракта, рефрактивна операција, халазион, блефаритис, како и кај постблефаропластика.

Третманот е целосно автоматизиран и започнува со само 5 безболни светлосни снимки (OPE/IPL) околу окото и на долниот очен капак, со што се предизвикува контракција на крвните садови, а со тоа се зголемува протокот на крв и се зголемува лачењето на антиинфламаторни цитокини. Потоа следува третман со Meibomask®, кој е исто безболен третман и трае само 15 min. Со овој третман се врши директна активација на Meibomian-овите жлезди, ЛЕД-матрицата предизвикува создавање  ендогена топлина и производство на ATP во очните капаци, се отстранува блокадата на жлездите и липидите го комплетираат составот на солзниот филм. Со подобреното присуство на липиди се спречува брзото испарување на солзите. Резултатите се видливи за пациентот уште по првиот третман.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>