Д-р Андреа Пуздерлиски
Состојбата на суво око се појавува кога поради многубројни надворешни или внатрешни фактори доаѓа до нарушување (дисбаланс) на солзниот филм.
Како последица на тоа се јавува чувство на присуство на туѓо тело или на „песок“ во очите, прекумерно солзење, печење, гребење, жежење, црвенило, чешање, чувствителност на светлина и чувство на замор на очите.
Како се третира сувото око?
✓ Со редовна употреба на вештачки солзи, односно со капнување вештачки солзи од најмалку четири пати на ден
✓ Со почесто трепкање, особено при работа на компјутер и на други електронски уреди
✓ Со хигиена на очните капаци
✓ Со намалена изложеност на грејни уреди (клима-уреди)
✓ Со зголемена влажност на просторијата за престој
✓ Со носење заштитни очила за сонце
Се препорачува користење вештачки солзи без конзерванси! Доколку користите и други капки за очи, секогаш прво капнете вештачки солзи без конзерванси 15-ина минути пред каква било друга апликација.
Не заборавајте дека сувото око е долготрајна состојба, која доколку не се третира на соодветен начин, може да доведе до компликации.
За детално читање на овој текст, погледнете на 21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јули 2022).