Фармацевти
Контакт

<< Назад

Тахикардија или замор? Препознајте ги симптомите на тироидна дисфункција

Преземи

август 2, 2025

Симптоми за хиперактивна тироидна жлезда
На прво место е зголемената срцева акција, односно тахикардија, срцебиење, што е постојано и во текот на денот и во текот на ноќта, придружено со обилно потење и губиток на телесна тежина. Губитокот на тежина често пациентите не можат да го објаснат бидејќи тие го зголемуваат внесот на храна, односно имаат зголемен апетит, а тежината паѓа. Може да се јави и тресење на рацете, тремор. Се работи за ситно тресење, за разлика од тресењето кај старите лица кое е крупно. Се јавуваат промени и на кожата, таа е потна, црвена. Косата почнува да паѓа, кај жените изостанува менструацијата и кај одреден тип од овие заболувања на хиперфункција се јавуваат и очни промени, односно очните јаболка излегуваат надвор од очните дупки, што стручно го означуваме како егзофталмус или испакнување на очите. Доколку болеста не се препознае и не се лекува, се влошува, а доколку не се интервенира, завршува смртно. Кај оваа група има промени и во однесувањето, луѓето стануваат нервозни, лесно доаѓаат во конфликт, сонот е дефицитарен.

Симптоми за помалку активна тироидна жлезда
Симптомите од втората група на заболувања на штитната жлезда, кога таа не работи доволно или не испорачува доволни количества тироидни хормони, се спротивни. Луѓето почнуваат да добиваат на тежина, отоци кои најчесто се изразени на лицето, и тоа најмногу наутро. Отекуваат очните капаци, усните, потоа потколениците, а во тешките случаи може да отече и стомакот. Се менува говорот, односно бојата на гласот, кој станува пискав, старечки, од женски станува машки, непријатен за слушање и, што е најважно, зборувањето станува отежнато, односно многу помал број зборови во единица време може да се изговорат, се заборава и пациентите многу бавно зборуваат и тешко ги искажуваат мислите. Паралелно со ова се јавува и голема потреба од сон во текот на деноноќието. Луѓето најголемиот дел од денот го поминуваат во кревет затоа што немаат енергија да ги извршуваат секојдневните функции.
Што се однесува со пулсот, во споредба со претходната група, станува бавен и честопати може да направи застој во пулсациите. Доколку овие случаи не се третираат, лицата добиваат облик на „месесто“ лице, се дебелеат, се губат влакната на телото, кожата станува груба, како слоновска и тогаш зборуваме за микс едем, односно краен стадиум на болеста.

Пишува
Роналд Дука
Др. Спец по торакална хирургија

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>