Фармацевти
Контакт

<< Назад

ТЕСТ – Дали и колку сте романтични?

февруари 1, 2021



1.Што за вас претставува зборот ‘сродна душа’?
А) Не верувам дека постои такво нешто.
Б) Го сметам за премногу романтичен израз, далеку од реалноста...
В) Верувам дека постои, но тешко е да се најде.

2. Со вашиот партнер, со часови би можеле да:
А) Ништо не би можеле со часови.
Б) Би можеле да дискутираме за нашата работа.
В) Да шетаме држејќи се за раце.

3. Љубовта ја сметате за:
А) Збор чие значење никој не може да го дефинира.
Се сомневам дека постои.
Б) Клучна за среќата на човекот.
В) Нешто кое што прави двајца да се чувствуваат како едно.

4. Вашата љубов да беше филм, ќе го имаше следниот наслов:
А) Темница
Б) 50 нијанси на реалноста
В) Бескрајна романса

5. Ако откриете дека партнерот не е заљубен во вас:
А) Животот продолжува...
Б) Ќе се разочарам, но ќе се потрудам да го разберам или
пак задржам.
В) Тоа би било најболната реалност која може да постои.

6. Кога последен пат кажавте те сакам?
А) Не се сеќавам...
Б) Не многу често, но кажувам.
В) Секојдневно!

7. На што помислувате ноќе пред да заспиете?
А) Како ќе се облечам утре...
Б) На расправањето со партнерот.
В) Правам планови за нашата заедничка иднина.

8. Во вашиот партнер гледа личност од спротивниот пол...
А) Нема ни да забележам.
Б) Ќе ми пречи, но ништо нема да кажам.
В) Ќе се потрудам неговото внимание да го насочам спрема себе.

9. Виното и љубовта за вас се....
А) Немаат ништо заедничко и сметам дека е комерцијален трик
за да ја зголеми продажбата на виното.
Б) Одлична комбинација.
В) Опишува колку може човек да е ‘пијан од љубов’!

Најмногу одговори под А

Вистински логичар. За вас зборот романтика претставува само нереална сцена од некој филм која нема никаква допирна точка со вистинскиот свет. Постојат многу поважни работи во вашиот живот од љубовта – за која што сметате дека е само минлива фаза.

Најмногу одговори под Б

Среќата е тесно поврзана со љубовта во вашиот живот, но сепак разумот преовладува кога станува збор за важните одлуки. Сакате да сте романтични и заљубени, но во одредена доза. Сметате дека доколку некој сака да покаже многу љубов, не е искрен во своите намери и станува збор за
некаков интерес.

Најмногу одговори под В

Најнедопирливото, највозвишеното, најдрагоценото чувство – љубовта. Како вистински романтичар вие уживате да ја покажете својата љубов и да приредувате изненадувања. Сакате да го идеализирате карактерот на вашиот партнер и да го разнежнувате со убави зборови.

 За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>