Колку често правите планови за вашата иднина и сонувате за поубаво утре?
А) Не можам да престанам и постојано размислувам за нереални успеси
Б) Некогаш размислувам за она „што би било кога би било...“, но никогаш не се оптоварувам со тоа
В) Се трудам да имам реални очекувања од себе и најчесто не правам планови
Колку се пронаоѓате во добро познатата реченица: „Среќата се крие во најмалите нешта“?
А) Малите желби се за мали луѓе
Б) Се трудам да се водам по тоа мото, но не секогаш успевам
В) Колку помали очекувања, толку поголема среќа – така што дефинитивно се пронаоѓам
Дали навистина парите ја отвораат вратата на среќата?
А) Парите се правопропорционални со среќата
Б) Постојат работи кои не може да се купат со пари, но, сепак, тие го даваат клучот за посреќен живот
В) Парите во одредени моменти може да ве прават среќни, но, сепак, постојат емоции кои не се доживуваат со ниедни пари
Луѓето ги сметате за добри или за лоши?
А) Верувам дека во секој човек се крие една лоша страна која кога-тогаш излегува на виделина
Б) Постојат и добри и лоши, но, сепак, да размислуваме позитивно
В) Сите луѓе се добри, но поради одредени случувања во нивните животи морале да се сменат
Како се соочувате со своите проблеми?
А) Нападот е најдобрата одбрана – затоа најчесто реагирам бурно и сакам веднаш да ги решам
Б) Во зависност од ситуацијата. Некогаш ги решавам, некогаш чекам да помине извесно време...
В) Никогаш не брзам и се трудам на смирен начин да најдам решение
Доколку направите ретроспектива на сите работи што ви се случиле во животот...
А) Жалам за многу мои постапки и би сменил/а многу работи
Б) Да можев ќе сменев дел од нив, но, сепак, не ми е жал
В) Не жалам за ништо, сепак, така требало да се случи
Дали сметаш дека нешто ти недостасува во животот?
А) Секогаш нешто ми недостасува, бидејќи секогаш може да е подобро
Б) Одвреме-навреме помислувам дека ми недостасуваат одредени работи, но, сепак, барам утеха во она што го имам
В) Научив дека среќата е во она што го имаме во моментов
Кога слушаш музика...
А) Влијае на моето расположение, но не многу често
Б) Се растажувам само на емотивни песни...
В) Секогаш наоѓам начин да се соживувам со музиката и да уживам во неа
Како се чувствувате меѓу толпа луѓе?
А) Не се чувствувам комотно
Б) Зависи од причината и поводот
В) Многу луѓе – висока енергија, затоа уживам да бидам меѓу многу луѓе
Кога се чувствувате лошо...
А) Во мене се буди непотребна агресивност и тага
Б) Се изолирам и барам начин да се дефокусирам со некаква активност
В) Сакам да го споделам чувството со моите најблиски
Најмногу одговори под А
Вашата ладнокрвност и навремена избувливост ве доведува до стресни ситуации во кои си наштетувате само себеси. Барањето за правда, онаму каде што ја нема ве прави да бунтувате во околности каде што, всушност, немате моќ да промените нешто. Вашето скалило на среќа може да го подигнете занемарувајќи ги малите проблеми и насочувајќи се на големата слика. Најчесто се чувствувате несреќни бидејќи сте многу критични спрема себеси. Перфекционизмот е добар, но само до одредени граници. Запомнете дека, сепак, совршенство не постои.
Најмногу одговори под Б
Вие сте од оние кои знаат дека клучот на среќата се бара во спонтаните и секојдневните работи. Сепак, се наоѓате во ситуации на незадоволство и ја барате вината во своите постапки. Вашите амбиции некогаш прават да се чувствувате недоволни за одредени работи, но доколку не го постигнете она за што сте сонувале, умеете да продолжите понатаму и да си поставите реални очекувања. Последните истражувања покажале дека успешните луѓе при донесување животни одлуки најчесто среќата ја бараат во личните професионални достигнувања, запоставувајќи го својот приватен живот. Продолжете да живеете балансиран живот правејќи ги работите што ве прават среќна личност на долги стази.
Најмногу одговори под В
Вашата спонтана природа не дозволува да паднете во замките на стресот. Некому можеби изгледате неодговорни и премногу смирени, но вие, всушност, сте од оние кои знаат дека преголемите очекувања водат и до големи разочарувања. Иако понекогаш желбата за контрола, за нечие внимание или, пак, за пофалба ви дава немир, сепак, тоа не трае долго и умеете да бидете разумни. Знаете дека позитивната мисла има моќ да направи работите да изгледаат многу поедноставни и подостижни. Во деновите кога не се чувствувате расположено, потребната енергија ја црпите од секојдневните уживања и вашите најблиски. Задржете ја наивната верба во малите радости и продолжете да му се насмевнувате на животот.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци