Фармацевти
Контакт

<< Назад

ТЕСТ – Колку здраво живеете?

октомври 1, 2020

|



  1. Колку долго спиете?


А) Не внимавам на часовите, но некогаш доволни ми се дури и 3-4 часа

Б) Внимавам да спијам најмалку 6 часа, но најчесто не успевам

В) Сонот за мене е многу важен и легнувам рано за да спијам повеќе од 8 часа

  1. Кога се будите...


А) Веднаш подготвувам кафе

Б) Внимавам да појадувам пред да излезам од дома

В) Медитирам и пијам свежо исцеден овошен сок

  1. Најчесто вашиот појадок е составен од...


А)  Што било. Никогаш не планирам што ќе појадувам

Б) Зависи од обврските, но сакам тоа да е енергетски богат појадок

В) Дома подготвено лепче, салата со органски плодови и домашно јајце

  1. Во текот на денот најчесто пиете:


А) Повеќе од 2 кафиња

Б) 2 кафиња и многу вода

В) Вода

  1. Колку вода пиете во текот на денот?


А) Не водам сметка, пијам кога чувствувам жед

Б) Внимавам да пијам почесто

В) Секако, пијам повеќе од 2 литри

  1. Дали внимавате на составот на производите што ги купувате?


А) Никогаш не го читам составот

Б) Најчесто се трудам да внимавам

В) Секогаш проверувам рокови и состав на производите

  1. Колку водите сметка за дневната доза на витамини и минерали?


А) Не практикувам дополнителен внес на витамини и минерали

Б) Во одредени периоди од годината купувам додатоци за исхрана

В) Витамините и минералите се дел од мојата секојдневна навика

  1. Како го користите слободното време?


А) Ретко го имам, затоа секоја можност ја користам за одмор пред телевизор

Б) Се дружам со најблиските

В) За  каква било физичка активност

  1. Колку често спортувате?


А) Многу ретко

Б) Се трудам да бидам активен/на секогаш кога имам друштво

В) Редовно

  1. Како се мотивирате за одредена здрава навика?


А) Се консултирам со луѓето околу мене и се водам од нивното искуство

Б) Правам список со причини поради кои треба да сменам одредена навика

В) Здравиот живот е резултат на здравите навики и тоа е постојана мотивација

  1. Диетите за вас претставуваат?


А) Губење време

Б) Нешто со што во одредени периоди од животот мора да се вратиме во форма

В) Не практикувам диети, бидејќи водам грижа за здравиот начин на исхрана

  1. Ако држите диета и некој ве нуди со калорична храна која ќе ја расипе вашата диета?..


А) Ништо нема да се случи ако ја прекршам еднаш

Б) Ќе се воздржам, но ќе ја мислам понудата

В) Нема да попуштам

 

Најмногу одговори под А

За вас најважно е да уживате во моментот и не обрнувате внимание на тоа како вашите „задоволства“ влијаат на вашиот живот. Најчесто минувате од периоди во кои  сакате да промените одредени навики, но, сепак, ви треба голема мотивација за да се промените. Сè додека немате одреден здравствен проблем, не сте љубител на лекарските посети.

Најмногу одговори под Б

Иако не сте преоптоварени со својот изглед и здравиот начин на живот, вие сте од оние кои  сакаат да се водат по примерните луѓе и им се восхитувате на сите оние кои   дисциплинирано се трудат да имаат здрав живот.

Најмногу одговори под В

За вас здравиот начин на живот не претставува никаква тешкотија и вие едноставно функционирате на тој начин. Вашето тело и вашиот дух се на прво место во списокот на приоритети и не сакате да отстапувате од работите кои  ве прават среќни и здрави.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>