- Колку често посетуваш лекар?
А) Еднаш во месецот
Б) Еднаш во годината
В) Избегнувам да посетувам
2. Дали одиш на лекарска контрола само кога имаш некаков здравствен проблем или тоа го правиш при рутински контроли?
А) Никогаш не ги запоставувам рутинските контроли
Б) Најчесто кога имам некаков проблем
В) И да имам проблем, се обидувам сам/а да го решам
3. Кој е твојот став спрема докторите?
А) Потребно е да посветат повеќе време со секој пациент
Б) Одлично си ја вршат работата
В) Важни се само кога имаме потреба од нив
4. При интерпретација на крвната слика, ти...
А) Ги пребаруваш сите параметри и истражуваш што значат
Б) Доколку нема отстапување од параметрите, не се консултирам со лекар
В) Резултатите само ги препраќам на лекарот
5. Како го доживуваш терминот медицина?
А) Како нешто што има клучно значење во нашето секојдневие
Б) Како наука која ни го олеснува животот
В) Преценета
6. Колку често зборуваш на тема која е поврзана со некаква болест?
А) Неколку пати во денот
Б) Само ако јас или некој во моја близина има здравствени проблеми
В) Воопшто не учествувам во такви разговори
7. Дали практикуваш да ја проверуваш дијагнозата на интернет?
А) Секогаш, без исклучок
Б) Само доколку е нешто со комплицирана терминологија
В) Никогаш
8. По препишана терапија...
А) Се придржувам кон правилата за употреба на лекот и неколку пати се консултирам со лекар или фармацевт
Б) Се трудам да внимавам на дозирањето и употребата
В) Многу често се случува да заборавам да го испијам лекот
--------------------------------------------------------------------------------------
Најмногу одговори под А
Ти си од оние луѓе на кои здравјето им е на прво место. Колку и да се трудиш да живееш здраво и да ја избегнеш појавата на какво било заболување, сепак, постојно имаш сомнеж дека можеби нешто не е во ред со твоето здравје. На раб со хипохондрија, ти постојано бараш помош од лекар и се консултираш за речиси секоја болка, имаш загриженост дури и за најмалите симптоми и секогаш мислиш дека тие кријат сериозни болести. Животот со страв од болести може само да те доведе до анксиозност.
Најмногу одговори под Б
Твоите одговори укажуваат на умерен пристап и разумно размислување во врска со здравјето. Постојат периоди кога се трудиш да имаш дисциплина спрема твоето тело и дух, но имаш периоди и кога не водиш доволно грижа. Одлично е тоа што се контролираш и не паничиш, внимаваш на препораките за здрав живот и го почитуваш мислењето на лекарот. Она што можеби треба да се потрудиш да го смениш е посетата на лекар да не ти претставува само обврска кога имаш некаков здравствен проблем и да зачестиш со рутинските прегледи.
Најмногу одговори под В
Припаѓаш во онаа крајност каде пациентите не обрнуваат внимание на зборовите од лекарот, не се придржуваат на редоследот за лекување и доколку немаат сериозен проблем со здравјето не посетуваат лекар. Барањето стручна помош ти изледа непотребно и мачно и тоа го сметаш како крајна опција доколку сам не успееш да се излечиш. Одлично е што не си опседнат со болести, но потребно е да имаш поголема одговорност спрема своето здравје.
За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2022).