Фармацевти
Контакт

<< Назад

Убавата коса и здравите нокти се здравјето на целиот организам

октомври 1, 2021

Ивана Димишкова
д-р по дентална медицина

|

okt 2021

Многумина од нас копнеат по здрава, сјајна, густа коса и помалку оштетени и кршливи нокти. Убавата коса и здравите нокти нè прават посреќни, посамоуверени, а секако и поатрактивни. Како резултат на тоа луѓето, особено жените ширум светот (вклучувајќи ме и мене), купуваат најразлични производи кои ветуваат дека ќе го подобрат квалитетот и целокупниот изглед на косата и ноктите. Најчесто убавата коса и здравите нокти се резултат на макотрпна работа. Освен многу козметички производи кои ги користиме за да ја подобриме состојбата на косата и ноктите однадвор, треба да знаеме дека здравјето на косата и ноктите најчесто доаѓа одвнатре, од корените и од фоликулите на косата. Па така многу е важно што ние внесуваме во организмот за да ја подобриме состојбата на косата и ноктите, а не само што ставаме на нив. На косата и ноктите им се потребни одредени витамини и минерали за да би се одржала здравата структура, давајќи ѝ сјај и волумен.

Витамините од Б-групата придонесуваат за нормална исхрана на косата. Исто така, ги стимулираат фоликулите  на косата, со што предизвикуваат нејзин забрзан раст. Кога размислувате за раст на косата, помислете и на витаминот биотин. Се верува дека оваа широко признаена состојка во додатоците за коса, нокти и кожа би требало да реши многу проблеми со косата, а притоа да предизвика и раст на нова коса. Но, доколку имате кожа која  е склона кон акни, биотинот е одличен  во комбинација со витамин Б5 (пантотенска киселина). Оваа комбинација ги намалува шансите за појава на акни на кожата. Селенот и цинкот помагаат во одржување на сјајот на косата, како и во одржување на здрави нокти. Бакарот помага во одржување  нормална пигментација на кожата. Цинкот е одличен минерал кој го поттикнува растот на косата. Цинкот е активно вклучен во создавањето  кератин, кој е главна компонента на кожата на која расте ноктот. Селенот е, исто така, многу важен минерал кој му е потребен на организмот, кој ги зајакнува клеточните структури на косата, ноктите и кожата.

Косата и ноктите се одраз на вашето здравје. На косата и на ноктите им е потребна исхрана на ист начин како што целото наше тело бара хранливи материи за да живее. И на крај, запомнете „Здравјето одвнатре е видливо однадвор.“

За детално читање на овој текст, погледнете на 9 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>