Фармацевти
Контакт

<< Назад

Употребувајте ги антибиотиците рацонално

ноември 1, 2022



Резистентоста се зголемува од ден во ден од нерационална употреба на антибиотици.

Иницијативата на Светската здравствена организација (СЗО) во 2015 година го започна одбележувањето на Светската недела на подигање на свеста за антибиотици, која оваа година се одбележува од 18 до 24 ноември.

Европскиот ден за подигање на свеста за антибиотици и Светската недела за подигање на свеста за антибиотиците се партнерски иницијативи чија синергија се стреми да ја подигне свеста на граѓаните и здравствените работници за правилната употреба на антибиотиците.

Како делуваат антибиотиците?
Со тоа што антибиотиците ги убиваат бактериите или го попречуваат нивното растење, тие му помагаат на имунолош- киот систем на организмот.
Притоа ја напаѓаат клеточната мембрана или метаболизмот на микроорганизмите. Пеницилините, на пример, ја попречуваат синтезата на мембраната на бактериите.

Со порозна мембрана предизвикувачите не се способни да преживеат и се распаѓаат. Други лекови спречуваат едноклеточни организми да синтетизираат протеини кои им се нужно потребни за преживување.
Некои други супстанци, пак, блокираат транспортни механизми во самата клеточна мембрана и на тој начин се нарушува природниот баланс. Трети, пак, го попречуваат размножувањето на микроорганизмите.

По некое време преостанатите едноклеточни организми изумираат, а нови не може да настанат. Сето ова функционира само кај бактерии, кај вируси антибиотиците немаат никакво дејство.

Клучни пораки:
• Антибиотиците немаат ефект врз вирусите и не треба да се употребуваат при вообичаени вирусни инфекции како што се настинките и грипот.
• Антибиотиците не се храна за да ја одбираш без лекар.
• Секоја непотребна примена ја намалува нивната ефикасност.

Што може секој од нас да направи?
Пред да се решите да земате антибиотик, обидете се да се лекувате со некои природни методи на лекување што го зајакнуваат имунитетот и целото тело.

Можете да се обидете со употреба на некои природни антиинфективни материи: прополис, ехинацеа, лук, ѓумбир, рен, мајчина душица и други. Силниот имунитет е важен за да се одбрани организмот од инфекции, а тој се зајакнува и одржува со здрава храна, физичка активност и здрав начин на живеење. Здравиот организам е способен да се избори против голем број на инфекции и без антибиотици, и со тоа да стане уште појак.

Доколку е неопходно да земате антибиотик, тогаш:
• Земајте го само по препорака на лекар
• Не барајте од лекарот да ви пропише антибиотик „за секој случај“, и не ги купувајте на своја рака
• Терапијата со антибиотици секогаш спроведете ја до крај
• Не земајте туѓи антибиотици и не употребувајте ги антибиотиците што ви останале од некоја претходна терапија
• За време на антибиотската терапија и две недели по завршувањето може да биде корисно земањето на пробиотик (консултирајте го фармацевтот)

За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>