Фармацевти
Контакт

<< Назад

Фацијална козметичка хирургија

декември 1, 2022



Д-р Ивица Луканоски
ПЗУ Д-р Ивица Лукановски

Фацијалната козметичка хирургија (ФКХ) во текстот што понатаму ќе следува се однесува на интервенции на меките ткива на лицето и вратот.

Суштината на фацијалната козметичка хирургија опфаќа интервенции што го подобруваат изгледот на скелетот (ортогнатска хирургија), естетска дентална имплантологија со протетичка рехабилитација, како и дерматолошки постапки, освежување на кожата, реставрација на косата и фацијална пластична хирургија.

ФКХ стекна огромна популарност во изминатата деценија поради зголемениот пристап до информации од ТВ-рекламите, интернетот и другите медиуми. Исто така, појавата на елективни хируршки техники со намалено отсуство од секојдневните активности и долгорочните резултати со природен изглед ја популаризираа оваа област. Дел од козметичката хирургија е зголемувањето на усните. Иако процесот е доста едноставен, сепак се работи за интервенција што треба да ја работат единствено стручно образовани и обучени лица - доктори.

Како оди постапката: првично треба да се направи анамнестички преглед - како физички така и да се разјасни причината за оваа постапка. Нормалните естетски параметри за усните поинаку се дефинирани кај разни култури и народи. Како и кај секоја козметичка постапка, желбите и очекувањата кај пациентите, покрај модерните трендови, нагласени во медиумите и од страна на познати лица, играат главна улога во одлуката на пациентот и неговите барања, но и одлуката на хирургот во однос на резултатот од козметичката интервенција.

Процедура
Визуализација на техниката на работа.
Стандардни фотографии (анфас, профил), цела глава.

Макрофотографии на усните
Дигитализиран приказ (на очекуван резултат)
Лабораториски анализи (незадолжителни), освен кај пациенти со позната анамнестичка историја на коагулопатии или алергиски реакции, зголемен ризик од хеморагии, хематом и еритеми на местото на инјектирање.
Фотографии по завршување на третманот
Споредба со првичната ситуација

Хијалуронски филери
За разлика од колагенот, хијалуронската киселина е иста меѓу разните биолошки видови, што овие филери ги прави високобиокомпатибилни и го елиминира ризикот од алергии и несакани ефекти. Најчесто се користи стабилизирана, делумно вкрстена хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина.

Најчесто таа е создадена преку бактериска ферментација на стрептококни соеви, но на пазарот се среќава и хијалуронска киселина добиена како екстракт од петлова кикиришка. Постојат и други видови филери и материјали, како што е алодерм (дермален колаген), автологен трансфер на масти земен од масно ткиво и автологен серум изведен како дериват од крвта на пациентот.

Контраиндикации
Инјектирањето со хијалуронска киселина е најбезбеден од сите горенаведени методи на имплантирање, лесно е разградлив, високобиокомпатибилен, ретко прави алергиски реакции и несакани ефекти. Единствен недостаток е брзата ресорпција во организмот и потребата од ретретман за да се задржи посакуваниот изглед.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>